28 Март, 2024
0.0257

Америка и пукање: Уапсен осомничен за напад во Чикаго - шест жртви и над 20 повредени

Објавено во: Свет 05 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица за време на парадата на Денот на независноста на 4 јули во Чикаго.

По кратка потера , полицајците го уапсија 22-годишниот Роберт Е Крим, третиот.

Осомничениот се качил на еден од покривите и почнал случајно да пука во луѓето.

Ова е само последен во серијата масовни престрелки во Америка, а од почетокот на 2022 година, секоја недела има по еден инцидент.

Џозеф Бајден, претседателот на Америка, рече дека е шокиран од насилството.

Неколку часа по инцидентот во Чикаго, пукање имаше и во Филаделфија за време на огномет по повод националниот празник.

Најмалку 24 повредени лица се хоспитализирани во Чикаго, соопштија властите.

Церемонијата во Хајленд Парк, северно од Чикаго, ненадејно беше прекината по само десет минути, бидејќи одекнаа неколку истрели.

Градоначалникот на Хајленд Парк објави дека фестивалот е откажан и побара од луѓето да го избегнуваат централното градско подрачје.

„Слушнав 20 до 25 истрели, еден по друг.

Тоа не можеше да биде само пиштол или пушка“, изјави за Чикаго Сан Тајмс, жител на областа Мајлс Заремски.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат голем број на брза помош на местото на пукањето.

Вооружен напаѓач пукал во луѓе од покривот на блиската продавница, а полицијата на таа локација пронашла „докази за злоупотреба на огнено оружје“.

Пет возрасни лица загинале на лице место, а шест жртви починале во блиската болница. 


Еден од загинатите е Николас Толедо, маж во доцните 70-ти години, кој бил таму само затоа што му била потребна постојана грижа и неговото семејство не сакало да го пропушти настанот.

„Oтидовме да прославиме убав семеен ден - а потоа одеднаш имаше пукање“, рече Ананд П, кој беше на парадата.

Сакав да верувам дека се работи за автомобил кој се расипа, но потоа луѓето почнаа да трчаат, па почнавме да трчаме“.

Друг сведок, Ноел Хара, опиша како појадувал во Старбакс откако го оставил својот син на парадата кога настанал хаос.

„Околу 30 луѓе наеднаш дотрчаа врескајќи и бевме затворени во бањата на Старбакс“, изјави Хара за Би-Би-Си.

Неколку моменти подоцна, бевме евакуирани од Старбакс бидејќи мислеа дека убиецот се обидува да влезе во задната врата.

Осомничениот Крим се уште не е обвинет и нема индикации за мотивот зад пукањето.

Компаниите кои ги поседуваат социјалните мрежи ги суспендираа профилите кои очигледно му припаѓаа на Крим, кој објавуваше рап видеа под псевдоним.

Нападот во Хајленд Парк се случи само еден месец по пукотниците во Јувалде, Тексас и Бафало, Њујорк.

Што велат надлежните?

Џ. Роберт Прикер, гувернерот на државата Илиноис, предупреди дека масовните престрелки стануваат „американска традиција“.

„Ќе има луѓе кои ќе кажат дека денес не е тој ден, дека сега не е време да се зборува за оружје. Ви велам дека нема подобар ден и подобро време од сега и овде“, рече демократскиот гувернер.

Американскиот претседател Бајден вети дека ќе продолжи да се бори против „епидемијата на насилство“ во земјата.

„Нема да се откажам“, рече тој, говорејќи пред Белата куќа во Вашингтон.

Минатата недела, претседателот го потпиша првиот голем федерален закон за безбедност на оружје во речиси 30 години.

Тој наметнува построги проверки на позадината на младите купувачи и ги охрабрува државите да го отстранат оружјето од луѓето што се сметаат за закана - но критичарите велат дека мерките не одат доволно далеку.



Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија