АМЕРИКАНЦИТЕ ГО САБОТИРАА СЕВЕРЕН ТЕК-СИКОРСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ: ЦИА летово предупредила за можен напад
Објавено во: Свет 28 Септември, 2022
Неконтролираното
истекување на гас од гасоводот Северен тек во Балтичкото море ја крена целата
светска јавност на нозе. Случајот се истражува, а веќе има низа шпекулации за
тоа кому му одговара ваква штета во време на досега невидена енергетска криза.
Поранешниот министер за одбрана на Полска, Радек Сикорски и актуелен европарламентарецоценува дека саботажата на гасоводот низ кој минува руски гас до Европа е дело на Соединетите Американски Држави, заради што јавно се заблагодари на неговиот профил на Твитер.
Thank you, USA. pic.twitter.com/nALlYQ1Crb
— Radek Sikorski MEP (@radeksikorski) September 27, 2022
Светските медиуми веќе ја реобјавуваат изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, во однос на уништувањето на гасоводот, а кој непосредно ја даде пред руската инвазија на Украина. Тој рече:
Бајден: „Ако Русија влезе во Украина, нема да постои Северен тек 2.
Новинарско прашање: Но, како тоа вие би го извеле кога проектот е под германска контрола?
Бајден: Ви ветувам, ќе знаеме како.
Денеска пак, германски Spiegel објави дека американските разузнавачи уште во текот на летово го предупредиле официјален Берлин за можни напади на Северен тек.