30 Јуни, 2022
0.0240

АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА НОСАТ ОРУЖЈЕ НА УЛИЦА-ИСТОРИСКА ОДЛУКА НА ВРХОВНИОТ СУД: Се враќа ли Дивиот Запад во САД?

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

За прв пат, Врховниот суд на Соединетите Држави јасно потврди дека Американците имаат право да носат оружје надвор од своите домови, одлука што може да ги попречи напорите за борба против алармантниот пораст на оруженото насилство.

Шест конзервативни судии надгласаа тројца прогресивни колеги и го укинаа законот на државата Њујорк донесен пред повеќе од сто години со кој се ограничува правото на носење оружје во таа држава.

Одлуката дојде во време кога жителите на САД беа шокирани од серија смртоносни напади, вклучително и основно училиште на 24 мај во Тексас, во кое загинаа 19 ученици и две наставнички, што ги натера инаку неодлучните републикански сенатори да се согласат на скромни реформи.

„Длабоко сум разочаран“, рече претседателот Џо Бајден, изразувајќи жалење за одлуката која оди во спротивна насока и која треба да не загрижи сите.

Гувернерката на Њујорк, демократката Кети Хочул, ја осуди одлуката, која е „срамна во време кога нацијата е свесна за насилството со оружје“.

Влијателно лоби за огнено оружје (Национална асоцијација за пушки, НРА) ја поздрави „огромната победа и пресвртница.

Во државата Њујорк, законот од 1913 година бара од граѓаните кои сакаат да носат оружје да добијат дозвола од локалните власти за да докажат дека се принудени да се бранат, на пример поради работа или закани. Според одлуката на Врховниот суд, грашаните повеќе нема да мора да доставуваат такви докази.

Соединетите држави имаат највисока стапка на смртни случаи од огнено оружје меѓу богатите земји. Според непрофитната истражувачка група Gun Violence Archive, која го дефинира масовното пукање како пукање во кое беа погодени најмалку четири лица, само оваа година, имаше најмалку 239 масовни престрелки во САД, додека во 2020 година загинаа 45.222 Американци.

ФОТО: YouTube Print Screen

Можеби ќе ве интересира

Ако Литванија не се вразуми, Русија ќе се одмазди

Ако Литванија не се вразуми, Русија ќе се одмазди

Зошто Путин однесе две сабји во Туркменистан?

Зошто Путин однесе две сабји во Туркменистан?

(ВИДЕО) Страотните поплави во Австрија однесоа и жртва

(ВИДЕО) Страотните поплави во Австрија однесоа и жртва

Нема да победиш во војната против Украина, порака од европски политичар до Путин

Нема да победиш во војната против Украина, порака од европски политичар до Путин

Дали Херсон ќе стане дел од Русија?

Дали Херсон ќе стане дел од Русија?

Воспитувачка не можела да поднесе плачење на дете и го отрула со средство за чистење на одводи

Воспитувачка не можела да поднесе плачење на дете и го отрула со средство за чистење на одводи

БЕЛОРУСИЈА МОЖЕБИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАПАД НА УКРАИНА - има многу лудо оправдување за тоа

БЕЛОРУСИЈА МОЖЕБИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАПАД НА УКРАИНА - има многу лудо оправдување за тоа

Захарова вели дека Бугарија протерува руски дипломати по наредба на надворешни сили

Захарова вели дека Бугарија протерува руски дипломати по наредба на надворешни сили

Зеленски: Сакавте да убиете што повеќе луѓе, украинскиот претседател за нападот на трговскиот центар

Зеленски: Сакавте да убиете што повеќе луѓе, украинскиот претседател за нападот на трговскиот центар