Добивај вести на Viber
Роба во вредност од една милијарда долари успеале да купат Американците во он-лајн продавниците за Денот на благодарноста. Како што пренесува „Ју-Ес-Еј тудеј“ за првпат годинава Американците за еден ден потрошиле толкава сума на пари.
Купувањето се одвивало на повеќе од илјада интернет продавници, а вкупно биле регистрирани 180 милиони посети на тие сајтови. Како што пренесува овој весник, 21 отсто од купувањето било направено преку мобилен телефон.
Забележано е дека купувањето било направено по празничниот ручек. Иако вообичаено, продавниците не работат за Денот на благодарноста, модерните технологии овозможуваат да се купува без да се стане од кревет.