23 Април, 2024
0.0258

Американец со српско потекло е нов командант на КФОР

Објавено во: Балкан 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Полковник Ник Дучиќ, Американец со српско потекло, е новиот командант на базата Бонстил, кај Урошевац и на мултинационалната бригада Кфор-Исток.

„Јас сум првиот американски офицер со српско потекло кој  командува во Мултинационална борбена група на исток“, изјавил полковник Дучиќ.

Тој во Косово доаѓа од позицијата командант на 79 пешадиска бригада на Националната гарда на Калифорнија. На преземањето на должноста од досегашниот Командант, полковник Михаел Спрагинс, Дучиќ вети дека улогата на КФОР останува непроменета во обезбедувањето сигурна средина и слобода на движење.

„Улогата на КФОР останува непроменета, придонес во слободата на движење и безбедносна средина. Ќе продолжиме да ја одржуваме непристрасноста додека работиме за поддршка на развојот на стабилно и мирно Косово, за сите засегнати страни во регионот. Оваа мисија има посебно лично значење за мене.Јас сум привилегиран да служам тука и да ја дадам мојата голема посветеност за безбедна средина за целокупната популација во Косово - посочи Дучиќ.

Запрашан за улогата на КФОР во случај на активирање и апсења од страна на Специјалниот суд тој изјави дека КФОР не е дел од политички процеси, но дека ќе бидат подготвени да одговорат при евентуални немири.

Ник Дучиќ завршил воен колеџ во 2014 година, а магистрирал на Унирвезитетот Мериленд како нуклеарен инженер. Високото образование го започнал на Калифорнискиот политехнички универзитет. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?