АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ПРЕЦИЗНА: Ветото на Бугарија носи бројни ризици
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021
Веруваме дека Северна Македонија има покажано оти е подготвена за нејзината прва меѓувладина конференција, која се надеваме дека се уште ќе може да се случи што е можно побрзо, вели американската амбасадорка Кејт Мари Брнс во интервју за Гласот на Америка.
„Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ“, изјави во интервју за Гласот на Америка, американската амбасадорка во државата Кејт Мари Брнз.
Таа вели дека ветото носи ризик не само за Северна Македонија, туку и за ЕУ, како и за прашањата поврзани со процесот на проширување во целина.
На прашањето дали очекува новата админстрација на претседателот Џо Бајден да изврши поголем притисок врз Бугарија да го тргне ветото, амбасадорката со одговор.
„Прво би сакала да кажам дека САД се ангажирани во овој регион и во Северна Македонија со децении. Јас би кажала дека во изминативе неколку години и многу интензивно вклучени во поддршката на Северна Македонија да влезе во НАТО, во поддршката на нејзините аспирации и напори да се приклучи кон ЕУ, како и во проширување на економската соработка и регионалната соработка во целина. Јас верувам дека таквиот вид на соработка ќе продолжи, и се разбира пред се` ќе биде фокусирана на нашата поддршка за евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Тоа е основа на нашата политика овде, и има многу работа да се заврши, во смисла на поддршка на реформската агенда, како и да осигураме дека пристапниот процес во ЕУ оди напред“, нагласува Брнс.