Американски дрон уби цивили
Објавено во: Свет 19 Септември, 2019
Најмалку 30 цивили загинаа, а 40 се повредени при напад на американски дрон во Авганистан.
Нападот бил насочен кон цели на Исламска држава и е извршен во планинско подрачје во провинцијата Нангахар, во источен Авганистан.
Авганистанското Министерство за одбрана и американски претставници во Кабул го потврдија нападот со дрон, но не соопштија детали.