Американски војник „олеснет“ на Миконос: За пиво и лигњи платил 836 евра
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2019
Американскиот војник Сиско Рок сакал на Миконос во еден ресторан да се почести со лигњи, но на ваква сметка воопшто не се надевал, пренесува dailyrecord.co.uk.
Имено, лигњите го чинеле 591 евро, а вкупната сметка била 836 евра.
Порачани се и три Цезар салати, 6 пива, две флаши вода и кечап со лигњи. Изгледа дека се порачани 6 порции лигњи, но и износот од скоро 600 евра секако е огромен.
Американецот видно бесен на сајтот TripAdvisor го критикувал ресторанот, предупредувајќи ги останатите да не одат таму бидејќи се работи за измама.
Нагласил дека персоналот воопшто не им нуди ценовник на странците. Набрзо се јавил уште еден гостин на тој ресторан кој рекол дека за две чаши вино морал да плати 136 евра и дека кафе чини 22 евра.
Сепак, локалот тврди дека на гостите уредено им покажуваат менија со цени.
И покрај негативните коментари, ресторанот е оценет со 4 ѕвезди, а биле и задоволни гости кои во рецензии напишале дека персоналот е љубезен.