20 Април, 2024
0.0271

Американскиот фонд Брајтон Парк инвестираше 140 милиони долари во HTEC Group

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

HTEC Group (“HTEC”, www.htecgroup.com), компанија за високотехнолошки консалтинг, софтверско инженерство и развој на дигитални производи, со српско потекло и глобално присуство која во јуни минатата година отвори технолошко-развоен центар и во Скопје, денеска објави партнерство со американската инвестициска групација Brighton Park Capital (Brighton Park Capital, BPC, www.brightonparkcap.com), која ќе инвестира 140 милиони долари во глобалниот раст на компанијата.

Договорот меѓу двете компании беше постигнат само еден месец откако HTEC Group го објави купувањето на Momentum Design Lab, студиoто за продуктен дизајн од Силиконската долина.

Малцинската инвестиција на Брајтон Парк од 140 милиони долари во HTEC е најголемиот прв инвестициски циклус во Европа во изминатата година, а се реализира со цел да и овозможи на HTEC да продолжи со ширење на својот капацитет за продуктен дизајн и инженерство преку понатамошни стратешки аквизиции, како и паралелно да инвестира во органски раст со отворање на нови канцеларии во регионот и вработување на најдобриот инженерски кадар.

Како и досега, компанијата ќе продолжи да инвестира во развојот на вработените преку уникатни развојни програми наменети за инженери, дизајнери, менаџери и други експерти, овозможувајќи им преку предизвикувачки проекти во соработка со најдобрите светски компании, кои работат од Србија и други земји во регионот, да ги градат своите кариери.

„Со силна инженерска основа и технолошко-развојни центри низ Југоисточна Европа, со канцеларии за дизајн и консултации во Лондон, Њујорк и Силиконската долина, HTEC го комбинира најдоброто од инженерската експертиза од една страна, со креативноста и иновативноста од друга страна, правејќи нè стратешки важен партнер на нашите клиенти. Ние имаме искуство и капацитет да го изнесеме целосниот процес на дигитална трансформација со концептуализација, дизајн и развој на дигитални производи. Нашиот план е да го поддржиме органскиот раст преку селективни аквизиции со што ќе ги привлечеме најдобрите инженери и дизајнери на дигитални производи, а со тоа да создадеме одлични можности за кариера за нашите луѓе, а од друга страна да обезбедиме најквалитетна услуга и да им дадеме поголема вредност на нашите клиенти. HTEC го гледаме како место каде најдобрите таленти го достигнуваат својот максимален потенцијал“, изјави Александар Чабрило, еден од основачите и извршен директор на HTEC Group.

Од HTEC посочуваат дека оваа инвестиција сведочи за успехот, квалитетот на услугата и вредноста што компанијата им ги носи на своите клиенти, како и за довербата на светските инвеститори во експертизата на нашите лидери и ИТ експерти да го преземат водството на светската технолошка сцена.

„Тимот на Брајтон Парк е импресивен, личната репутација, кредибилитетот во индустријата и претходното искуство е она што првенствено нè мотивираше да влеземе во ова партнерство. Длабокото разбирање на индустријата и претприемачкиот пристап кон инвестирањето ги прават вистински стратешки партнер, кој е многу повеќе од инвеститор. Среќен сум што Марк Џиалга и Кевин Меган ќе ни се придружат во Управниот одбор на компанијата и сигурен сум дека заедно ќе го изградиме HTEC во една од најуспешните технолошки консултантски компании во светот“, додаде Александар Чабрило.

„Комбинирајќи го софистицираното инженерство со најдобрите продуктни иновации и дизајн, HTEC работеше стратешки да се позиционира како глобален лидер во развојот на дигитални производи. Ние сме многу среќни што можеме да поддржиме компанија која обезбедува вакви можности на растечкиот технолошки талент во Европа и се радуваме на можноста со нашата експертиза во индустријата да и помогнеме на компанијата понатаму да се развива и да им ги пружа своите услуги што поголем број водечки светски компании“, рече Марк Џиалга, партнер во Брајтон Парк.

Во моментов, HTEC Group има над 250 отворени позиции и активно вработува над 70 експерти месечно во областите на консалтинг за продукти, дизајн и инжењерство на сите нејзини локации.

За HTEC Group

HTEC Groupе глобална компанија која обезбедува консултантски услуги, софтверско инженерство и развој на дигитални производи на најуспешните светски технолошки компании, брзорастечки стартапи и корпорации од листата на Fortune 500. Основана во Белград, со седиште во Сан Франциско, локални канцеларии во САД, Велика Британија, Холандија, Шведска и Словенија и 15 технолошко-развојни центри низ Југоисточна Европа, HTEC е позициониран како силен стратешки партнер коштој на своите клиенти им помага да го трансформираат своето работење преку развој на напредни технологии, дигитални производи и платформи во здравството, трговијата и продажбата, транспортот и логистиката, финансиите, медиумите, чистата енергија, науката и инжењерството.

 За Брајтон Парк

Brighton Parkе инвестициска фирма од Америка, која е специјализирана за инвестирање во софтверски, технолошки и здравствени услуги. Инвестира во компании кои обезбедуваат високо иновативни решенија, поставувајќи сè како партнер на најдобрите менаџерски тимови. Преку наменски изградени капацитети, приспособени на спецификите на секоја компанија, Brighton Park обезбедува додадена вредност за сите компании во своето портфолио, бидејќи со своето инвестирање и дејствување се задоволуваат поединечните потреби на секоја од нив.


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!