24 Април, 2024
0.0320

Американскиот Универзитет во Бугарија ги подготвува студентите за идните предизвици со дипломи акредитирани во САД и ЕУ

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Потенцијални и сегашни студенти, професори и голем број гости вчера во хотелот „Стоун бриџ“ во Скопје присуствуваа на настан во организација на Американскиот универзитет во Бугарија (АУБГ),на кој специјален говорник беше поранешниот претседател на оваа земја, Росен Плевнелиев. Покрај презентацијата на програмите на реномираната високообразовна институција, фокус на настанот беа професиите на иднината, тема на која говореше и Плевнелиев. Посочувајќи дека пазарот на труд се менува како резултат на брзиот технолошки развој, тој истакна дека АУБГ е посветен да ги подготви студентите за предизвиците со кои ќе се соочат откако ќе излезат од образовниот систем. 

- Во свет во кој постојано се прават големи чекори на полето на технологијата вклучувајќи и напредок на вештачката интелегенција, но и свет кој е соочен со глобални прашања врзани со средината и трансформација на општествата низ целиот свет, универзитетите мора соодветно да реагираат на потребата за нови водачи со нов начин на размислување и вештини кои се од значење на глобално ниво. Американскиот универзитет во Бугарија е место каде овој тренд прерасна во приоритет – посочи Росен Плевнелиев.

Поранешниот претседател на Бугарија есента во 2017 година стана специјален претставник на универзитетот и беше дел од конференциите кои се одржаа во Тирана и во Белград каде што пред присутните исто така говореше за професиите на иднината. На листата на најдобри високообразовни институции изработена од бугарското министерство за образование, Американскиот универзитет е неоспорен лидер и седма последователна година е на првото место. Во АУБГ има околу 1.000 студенти од повеќе од 40 земји, а дел од оваа интернационална универзитетска средина во моментов се и 16 Македонци.

Симона Атанасова од Македонија дипломирала на Американскиот универзитет во Бугарија во 2012 година на две главни насоки: политички науки и меѓународни односи и европска политика. Искуството стекнато на овој универзитет многу и помогнало за развојот на нејзината кариера, која денес ја гради како кабинетски советник на министерот во Министерството за здравство на Македонија.

Покрај теоретското знаење со кое се стекнав на АУБГ учејќи од врвни професионалци, експерти и практичари во конкретните области, надвор од испитите што ги полагав имав можност да се стекнам и со различни практични вештини кои денес многу ми помагаат во тоа што го работам. На пример, две години бев претседател на студентска организација модел на Обединети нации каде што стекнувавме вештини како да бидеме делегати на една конференција, да заседаваме со совет, да комуницираме и сл. Искуство што го стекнав на Американскиот универзитет во Бугарија во моделот на Обединети нации сега го пресликувам во мојата денешна работа – вели Атанасова.

Американскиот универзитет во Бугарија е отворен во 1991 година со поддршка на американската и бугарската влада. Основната цел на оваа образовна институција е да ги подготви студентите за предизвиците кои ги носи економската транзиција во Југоисточна Европа и да придонесе кон градење на општество базирано на демократија, приватно претприемништво, граѓанска одговорност и толеранција кон различни култури.

Оваа институција го следи традиционалниот американски образовен модел каде студентите го комбинираат знаењето добиено од различни дисциплини. Некои од најпопуларните дисциплини на АУБГ се: економија, информатика, бизнис администрација, политички науки, новинарство и масовни медиуми. Поранешни студенти на универзитетот во моментов се на водечки позиции во интернационални компании, во државна администрација и во невладини организации низ целиот свет.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка