23 Април, 2024
0.0303

Американско-турскиот конзорциум Бехтел Енка останува во игра - Битиќи вели дека во Законот за автопати нема ништо спорно

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Не треба на секоја добра иницијатива да гледаме со претпоставки. Со овие зборови вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, го образложи својот и ставот на Владата дека нема да ја послушаат веднаш Антикорупциската комисија и да го стопираат процесот на преговори со Бехтел Енка. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи смета дека не треба да се гледа на договорот со негативни претпоставки. Владата ќе продолжи со договарање на деталите бидејќи тоа го дозволува законот, тврди Битиќи.

Како што е познато, неодамна антикорупционерите доставија Иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за стратешко партнерство со компанијата Бехтел – Енка. Овој Закон во Собранието беше избран за Бехтел – Енка да гради автопатишта во земјава без да се објави јавен оглас. Антикорупционерите сметаат дека законот овозможува ограничување на конкуренцијата и избегнување на фер натпревар за тоа кој да го добие бизнисот.

По доставувањето на Иницијативата соопштија дека ќе бараат од Владата да се стопираат сите следни чекори на договарање со Бехтел Енка, се до носење на конечна одлука од страна на уставните судии. 

Битиќи, пак, вели дека Законот за автопати на Владата и дава рамка во која се започнуваат преговорите за да се финализира како ќе изгледа следниот договор за градење на автопатиштата. 

„Тоа ни дава можност да ангажираме соодветни експерти што треба да ни помогнат и да ни дадат рамка и затоа не гледам зошто би требало да почекаме одреден исход кога евентуалното раскинување на меморандумот нема да има негативни импликации“, порача Битиќи.

Тој нагласи дека Уставниот суд ќе постапи според неговата надлежност, но како Влада се убедени дека нема ништо што е спротивно од законските одредби.
На прашањето дали ќе ја прифатат препораката од ДКСК за Законот за автопати по побараната времена мерка за негово стопирање се додека Уставниот суд не одлучи по нивната иницијатива, рече дека секогаш ги слушаат, но, како што кажа, не сака да прејудицира дека исходот од оваа активност ќе биде таков како што сака да укаже ДКСК.

„Жалам што во државата сме дојдени во период кога за секоја добра инцијатива имаме премногу претпоставки. Претпоставката е дека исходот ќе биде лош и дека станува збор за уште еден лош договор со кој ќе ни се случи нешто што не сакаме. Токму затоа го предложивме тој пристап за еднаш за секогаш решавање на битните инфраструктурни зафати во државата кои се предуслов за добар и солиден економски развој. Ќе почекаме и нема да направиме ништо ако е во спротивност со законските одредби, но во овој момент не сметаме дека имаме законска пречка да продолжат екипите да зборуваат за изнаоѓање конечно решение за тоа што сме го започнале. Законот ни овозможува да го почнеме процесот на преговарање со сите засегнати страни со вклучување на соодветна експертиза и со креирање на соодветни механизми“, прецизира Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето