24 Април, 2024
0.0273

АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА: Идните членови на Судски совет, судии, обвинители, членови на Совет на јавни обвинители, никогаш повеќе нема да го дозволат ова што ние го дозволивме

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Професорката на правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева, на својот Фесјбук профил ја сподели својата радост за нејзините студенти, за кои вели дека се на прав пат вистински да ја работат својата работа, против непотизмот.

Вчера и денес, после подолг временски период, почуствував радост за време на испит. Најдобрите студенти од втора година Правни студии на “Јустинијан Први” полагаа Административно право. Ми приредија празник на душава: убави, насмеани, дотерани, а пристојни, елоквентни, полни со знаење студентки и студенти со бунтовен дух, со истенчено чувство за правда и правичност, со критички однос кон општествената реалност изјавија дека својата иднина ја гледаат во правосудството и во правната наука, спремни да се борат против непотизмот, трговијата со влијание и корупцијата што им стојат на патот!

Ова ми го кажаа откако ги добија заслужените 10ки и 9ки додека во Факултетското бифе пиевме заедно кафе, а јас уживав во нивната младост, убавина и ентузијазам.

После одговорите што на испитот ги слушнав изминативе два дена, некако станувам се посигурна дека следните генерации членови на Судски совет, судии, обвинители, членови на Совет на јавни обвинители, никогаш повеќе нема да го дозволат ова што ние го дозволивме“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?