Аналитичари предвидуваат до која граница може да падне биткоинот
Објавено во: Економија 19 Март, 2018
Aналитичари сметаат дека најголемата дигитална валута во светот може да продолжи да опаѓа.
Техничките анализи покажуваат дека просечната 50-дневна вредност на биткоинот се намалила скоро на нивото на просечната 200-дневна вредност. Пресекувањето на двата индикатори се опишува како „Death cross“, кој би можел буквално да ја сруши цената. Таков пресек не се случил од 2015 година.
Техничкиот аналитичар и раководителот на оделот за фјучерси и опции во Market Securities Dubai Ltd., Пол Деј го испитува падот на биткоин во 2013 година, барајќи сличности со ситуацијата сега. Неговиот заклучок е дека наскоро може да се случи пад од 76% во вредноста на дигиталната валута во однос на онаа од крајот на февруари. Купувањето на биткоинот може да чини 2.800 долари. За споредба, на 19 март, биткоинот се тргуваше за околу 8.300 долари.