24 Април, 2024
0.0282

Анализа: Колку повеќе пензионери толку поголем јавен долг

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Има ли државата механизам кој ќе придонесе за раст на економијата, а ќе ги стабилизира и трошењата во таков баланс за да не се создаде нов притисок на јавните финансии и да се зголеми јавниот долг? Министерката за финансии Нина Ангеловска убедува дека државата е во период на стабилизација и консолидација на долгот, па и покрај проектираните дифицити, во иднина на среден рок, земјата ќе има помали долгови. Анализа на дефицитите на земјите од Централноисточна Европа која ја направи Народната банка потврдува дека на среден рок, дефицитите на земјите во овој регон имаат надолен тренд. Сепак податоците покажуваат дека за ова има дополнителни предизвици – најмногу процесот на забрзано стареење на населението, како и негативните миграциски движења кај дел од земјите во регионот што би создало нови притисоци врз јавните финансии.

„Сето ова значи дека ќе има пониски даночни приходи и повисоки трошоци за здравствена заштита и пензиско осигурување на среден рок, што, пак, упатува на потребата од водење претпазлива политика во поглед на тековното задолжување, стои во анализата на Народната банка.

Лани долгот надмина пет ипол милијарди евра или изнесува 48,9 проценти од БДП. Годинава се предвидува ново задолжување од 600 милиони евра, а годинава, во 2021, 2023 и 2025 година доспеваат за отплата еврообврзници во вкупна вредност од една милијарда и 628 милиони евра.

Инаку ако се споредуваат дефицитите и долговите на земјите од анализираниот регион, во ЦИЕ дефицитот е намален од 6,1 процент од БДП во 2009 на само 0,3 проценти од БДП во 2018 година, во балтичките земји од 6,2 отсто од БДП во 2009 година на 0,2 проценти од БДП во 2018, додека во Југоисточна Европа (ЈИЕ) од 4,1 од БДП во 2009 на 1,4% проценти од БДП во 2018 година. Според податоците  сите земји во регионот на ЦИЈИЕ со исклучок на Црна Гора во 2018 година имаат буџетски дефицит понизок од Мастришкиот критериум за буџетски дефицит од 3 од БДП.

„Бруто јавниот долг во регионот сѐ уште се движи во прифатливи рамки и главно е под Мастришкиот критериум од 60 проценти од БДП  освен во Албанија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора и Словенија. Истовремено во последните неколку години се забележува и негово намалување. Сепак, гледано среднорочно, се очекува дека товарот врз јавните финансии ќе биде позначителен, покажува анализата.

Министерката Ангеловска рече дека треба да се прави разлика меѓу намалување и стабилизација на долгот.

„Јас зборувам за стабилизација на долгот. Не можеме да очекуваме дека тој треба да се намали во моментот кога водиме развојна политика. Буџетот е скроен со дефицит, а тој дефицит треба да се финансира. Оправдано е само кога јавниот долг оправдано се зголемува, односно еден денар да врати четири денари. А порано тој негативно влијаел на фискалната мултипликација. Прашањето е каде се вложуваат овие средства“, рече Ангеловска.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава