30 Декември, 2024
0.0302

АНАЛИЗА: Приходите на компаниите во зоните надминале 14 милијарди евра за десет години - што им овозможи континуиран раст?

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Вкупните приходи на 32 компании во технолошко индустриските зони во изминатите десет години се над 875 милијарди денари (14,2 милијарди евра), а приходите растеле со просечен годишен раст од 16 отсто. Ова го покажа анализата која ја изготви Дирекцијата за ТИРЗ, а која беше прва посеопфатна анализа за тоа како работеле компаниите кои функционираат во зоните од 2010 до 2020 година. Податоците за сите фирми се извадени од годишните извештаи кои тие ги доставуваат до Централниот регистар. Кога станува збор за приходите кои ги оствариле, анализата покажа дека најголема вредност на растот има во периодот од 2011 до 2016 година кога приходите во просек растеле со стапка од 33 отсто. Позанавчите кои ги консултиравме велат дека растот на приходите, но и на профитабилноста на овие компании впрочем докажува дека тие ја исполниле целта поради која решиле и дошле да инвестираат во земјава.


„ Остварените приходи укажуваат на тоа дека е остварена целта заради која инвестирале овде. Освен остварените приходи кои имаат континуиран раст треба да се гледа и од аспект на профитабилноста на овие компании, но сепак податокот дека имаат поврат на инвестицијата од 16 отсто е исто така добар показател, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Тој вели дека растот на приходите се должи на повеќе фактори односно е резултат и на погодностите кои ги добиваат инвеститорите со вложувањето во земјава, но и поради тоа што се компании кои имаат високо технолошко напредно производство.

„Најверојатно се пресудни повеќе фактори, поволностите односно субвенциите, но и што како што велите, повеќето се, за македонски услови, компании со високо технолошко напредно производство. Секако успешноста во нивното работење се должи и на добриот менаџмент, конјуктурата... Прашањето е дали можело да се оди со поголеми барања кон овие компании уште пред договорањето, ама тука треба да се земе предвид и конкурентноста за привлекување странски инвестиции во регионот. Сите ние како земји, значи Македонија, Србија, Албанија меѓусебе си конкурираме кој повеќе компании да привлече и затоа можеби условите се и помеки, полабави, додава Узунов.

Од невладината организација Фајнанс тинк велат дека економските тенденции во зоните главно се должат на влезот на нови и растот на постојните компании, посебно при влезот на поголеми компании.

„Потребни се неколку години за компаниите да достигнат одредена фаза на зрелост пришто бележат зголемена извозна активност и абнормални стапки на раст. Исто така, растот и осцилациите во платите ги одразуваат ефектот на животниот циклус бидејќи компаниите, со тек на време, ангажираат пософистицирана работна сила и дополнително, секторскиот ефект, при влез на компании кои имаат поголема додадена вредност. Евидентен е и бенефитот за државата, посебно во последните 4 години, кога уплатите кон државата значајно ги надминуваат исплатите на државата кон компаниите. Сето ова укажува дека ефектот од политиките во ТИРЗ треба да се анализира во долгорочна рамка од 5 до 10 години. Тоа што се направило пред 5-10 години има ефект денес, тоа што се прави денес би имало ефект за 5-10 години отсега, велат од Фајнанс тинк.

Инаку според анализата на Дирекцијата на ТИРЗ, Буџетот на државата во досегашниот период остварил близу 11 милијарди денари приходи по различни основи од компаниите во ТИРЗ. Најголем годишен пораст на приходите во Буџетот е регистриран во 2017 година, и тоа за 327 отсто во однос на предходната. Во 2020, компаниите во ТИРЗ уплатиле над 2,4 милијарди денари во државната каса на име придонеси од задолжително социјално осигурување, трошоци за даноци на плати и надоместоци на плата и данок на добивка. Тоа е речиси четирикратно зголемување во однос на 2016 година.

Професорот Узунов вели дека во иднина доста е важно при договорањето да се внимава да не се избегнува мултипликативниот ефект од странските инвестиции, односно можноста тие да имаат штоповеќе домашни добавувачи преку нивна специјализација. Тоа во иднина треба да с епромени со новиот концепт на преговарање со можните инвеститори кој го најавуваат и од Дирекцијата за ТИРЗ.

Впрочем Дирекцијата заедно со други ресори во Владата ќе иницира и изготвување на нова методологија на доделување на државната помош, во која ќе се опфати и новиот концепт на работење што веќе се пилотира во тековните разговори за нови инвестиции.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ: Колкав е надворешниот долг?

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ: Колкав е надворешниот долг?

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Расте вредноста на доларот

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Расте вредноста на доларот

ЖИВКО МУКАЕТОВ МЕЃУ НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ - Уште едно признание за успешното работење на „Алкалоид“

ЖИВКО МУКАЕТОВ МЕЃУ НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ - Уште едно признание за успешното работење на „Алкалоид“

ЕВЕ КАКО ПЛАНИРА ДА РАБОТИ НАЈМОЌНАТА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА - „Алкалоид“ најавува раст на приходите, добивката, инвестициите и вработувањата

ЕВЕ КАКО ПЛАНИРА ДА РАБОТИ НАЈМОЌНАТА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА - „Алкалоид“ најавува раст на приходите, добивката, инвестициите и вработувањата

СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ - премиерот вели „конечно се чуствува слобода“

СЛЕДНАТА ГОДИНА РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ - премиерот вели „конечно се чуствува слобода“

ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ АМБИЕНТ ВО 2025 ГОДИНА: гувернерката Ангеловска-Бежоска, еве што најави за монетарната политика

ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛЕН ЕКОНОМСКИ АМБИЕНТ ВО 2025 ГОДИНА: гувернерката Ангеловска-Бежоска, еве што најави за монетарната политика

ПАДНА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО, ПЧЕНИЦАТА ПОСКАПЕ - берзите исто така бележат пад, еве што се случува со нафтата

ПАДНА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО, ПЧЕНИЦАТА ПОСКАПЕ - берзите исто така бележат пад, еве што се случува со нафтата

Кој ќе го „собере кајмакот“, а кој ќе го „обере бостанот“ во „Македонијатурист“?

Кој ќе го „собере кајмакот“, а кој ќе го „обере бостанот“ во „Македонијатурист“?

ОВА Е СОСТОЈКАТА БЕЗ КОЈА НЕ СЕ МОЖЕ: Прогласен е највредниот производ за 2024 година – подобар е од биткоинот!

ОВА Е СОСТОЈКАТА БЕЗ КОЈА НЕ СЕ МОЖЕ: Прогласен е највредниот производ за 2024 година – подобар е од биткоинот!