Анархија владее на Блискиот Исток?
Објавено во: Свет 24 Мај, 2019
Mинистерoт за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф денеска предупреди на анархија на Блискиот Исток ако светските сили не се обединат да ја запрат, како што ја нарече американската агресија.
Односите на Иран и на САД се нарушени откако американскиот претседател донесе одлука за повлекување од нуклеарниот договор, а потоа и за воведување на нови санкции врз Техеран. Зариф ја даде изјавата при посетата на Пакистан каде се сретна со премиерот Имран Кан и со министерот за надворешни работи.
Зариф при пристигнувањето во земјата ја повика меѓународната заедница да преземе чекори против „агресијата“ на САД и нејзиниот пристап на „заплашување“ против Иран. Тој вели дека регионот се наоѓа во многу критична ситуација и потребна е консултација меѓу сите соседи.