Анастасиевски: Сите права на доверителите на Фени се заштитени

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2019
Целосно се заштитени правата на сите доверители и на вработените, а продолжувањето со работа на Фени ќе има значајно влијание врз целата макеоднска економија, вели стечајниот управник на Фени, Мирослав Анастасиевски, откако заврши стечајот на кавадаречкиот комбинат. Според Анастасиевски, со добивањето на Решението од Апелациониот Суд, Скопје за Фени во стечај, настапуваат правните последици од одобрениот план за реорганизација поднесен од страна на ГСОЛ.
„Во стечајна постапка со над 1.000 доверители и утврдени побарувања од над 68 милиони евра, во изминатите месеци органите на постапката во рамки на Законот за стечај носеа законски одлуки кои придонесоа за опстанок на комбинатот. Решението само стави печат на законитоста на целата постапка, по заокружување на преостанатите процесно правни дејствија стечајната постапка ќе се заклучи како една од најуспешните стечајни постапки во Р.Македонија и ќе претставува пример за успешна примена на Законот за стечај, известува Анастасиевски.
Според него, избраниот модел на реорганизација наместо ликвидација, начинот на водење на стечајна постапка која како што вели, била транспарентна и во рамки на Законот за стечај, резултирала со целосна заштита на правата на сите доверители и на вработените.
Можеби ќе ве интересира
Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби
