28 Март, 2024
0.0263

Андов: Tие кои се против Договорот не нудат алтернатива

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Првиот претседател на Собранието, Стојан Андов, во неговото обраќање денеска на научната конференција во МАНУ изјави дека тие кои се против Договорот и референдумот не кажуваат со што ќе го заменат, не нудат алтернатива како ќе функционира државата. 

Поделбата кај македонскиот народ, Андов вели дека е одраз на една политика на изолација. Политиката на изолација, смета дека има звучен национализам и евтин патриотизам.

„Сакам да му обрнам внимание и на раководството на опозицијата, кои се млади и добронамерни, сакаат да му служат на својот народ, да не ја голтнат јадицата на курсот на изолација на Македонија од западните вредности. На тоа треба Мицкоски многу да подразмисли“ – кажа Андов.

Тој ги спомена и за ветувањата на опозицијата за правење нов договор со Грција.

„Со кого ќе прави договор? Со Ципрас не може, тој овој договор го направи. Со Обединетите нации не може, и тие го потпишаа овој договор. Со Мицотакис и со Каменос? Тие се неговите партнери, а Мицотакис и Каменос сметаат дека Македонија е грчка и дека името на оваа земја не смее да го содржи тој збор. Затоа ние треба сите да се свестиме пред што се наоѓаме. Само на тој начин Македонија може на долго да застане и сите како рамноправни граѓани да имаат перспектива, да не се плашат за иднината на своите деца“ – рече Андов.

За Владата порача ако може да не презема мерки кои може да го свртат вниманието кон нив наместо кон референдумот. 

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов