29 Март, 2024
0.0292

Ангелов: Дрисла ќе ја затвори печката по 18 години и ќе набави нова

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Скопската депонија Дрисла беше единствен правен субјект кој во изминатиот период беше казнет од Државниот инспекторат за животна средина за недостатоци на печката за согорување на медицински отпад па, освен паричната глоба од 8.500 евра беше наложено во рок од 90 дена да бидат поставени и соодветни филтри за да се спречи загадувањето. Сепак, опремата е во функција од 2000 година и таа е истата која е донирана од Велика Британија за што има постојани забелешки во текот на годините. По актуелизирање на овој проблем од Дрисла најавуваат исполнување на барањата на инспекторатот но, и набавка на нова опрема за согорување медицински отпад. За повеќе детали прочитајте ги прашањата кои му ги упативме на Горан Ангелов, директорот на депонијата Дрисла.

Фактор: По направените инспекциски надзори депонијата „Дрисла“ беше казнета со 8.500 евра поради неисполнување на еколошките стандарди. Ви беше наложено во рок од 90 дена да ги отстраните недостатоците на печката за согорување на медицински отпад, а нејзината работа е ограничена временски и во периоди на екстремна загаденост. Дали овие мерки ќе се исполнат?

Ангелов: Да, се преземаат одредени активности за решавање на овој проблем и ќе се испочитуваат препораките на државниот инспекторат за животна средина. Ова решение ќе биде привремено, но ќе ги задоволи пропишаните вредности на аеро загадување.

Фактор: Повторно се актуелизираше темата за донацијата на печката за согорување на медицински отпад од британската влада во 2000 година. Зошто речиси 18 години недостатоците на оваа печка не се отстранети?

Ангелов: Станува збор за постара технологија која датира од осумдесетите години и мора да се замени со нова, а која е во фаза на набавка и се очекува во текот на јули 2018 да биде пуштена во употреба.

Фактор: За што освен медицински отпад се користи оваа печка, дали се согорува друг вид на отпад, за кои цели и во кои периоди и секако дали таа процедура доведува до слични или потешки последици врз животната средина?

Ангелов: Се согоруваат и лекови со поминат рок и одредни други материи кои не се опасни како хартија, кредитни катички, текстил и одредни акцизни стоки. За последиците врз животната средина зборуваат мерењата направени од факултетот ФИНКИ за амбиенталниот воздух на допонијата Дрисла каде може да се утврди дека на Дрисла се дише многу поквалитетен воздух отколку во Градот Скопје.

Фактор: Во наводите на Гардијан од 2001 година стои дека деловите за печката кои се неопходни тогаш чинеле околу 200 илјади евра, дали и сега важи истата сума и зошто порано не биле обезбедени парите?

Ангелов: Тоа се изјави која датираат пред осумнасет години и ние немаме намера да ги коментираме, само можеме да истакнеме дека ако требало да се набават филтри требало во тој момент во 2001 година кога е пуштена печката во употреба. Ние набавуваме нов инсенератор согласно Европските Директиви, а старата печка која е донација од Велика Британија ќе биде затворена.

Фактор: Согласно јавно достапните податоци на вашата веб страна видливо е дека од 2000 година наваму постојано се зголемува количината на согорен медицински отпад со инсенераторот. Во 2000 година биле согорени 114.900 килограми, во 2010 458.434 килогорами, а во 2015 рекордни 774.866 тони. На што се должи константното зголемување на количината на согорен отпад имајќи во предвид дека печката има недостатоци кои придонесуваат за загрозување на животната средина и здравјето на луѓето?

Ангелов: Количините на отпад се зголемуваат, заради поголем опфат на здравствени институции во системот на собирање, транспортирање и третирање на медицински отпад. Се претпоставува дека на терторијата на Република Македонија има околу 2.500 тони медицински отпад на годишно ниво. На Дрисла завршиле околу 1.000 тони, кои согласно техничките капацитети на овој инсенератор може да се согорат, бидејки истиот има капацтет од 250 кг на час.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата