Ангелов: Можам да кршам керамиди и сега, треба да престанеме да се смееме

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020
Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК во своето гостување во Студио 10, на новинарско прашање, што беше полесно да кршите ќерамиди со глава или да ја водите оваа институција вели:
„Сега може ќе продолжам да кршам ќерамиди, ама со повеќе грижи. Затоа сакам да кажам дека ниту тогаш не бев безгрижен. Такашто ако и сега кршам ќерамиди тука, гледаноста ќе биде хит. Некој сфати сериозно, некој како шега. Но, сега во државата треба да престанеме да се смееме, треба да бидеме активни во битката со болеста“.
Како што додаде тој, ситуацијата со пандемијата во нашата земја полека доаѓа во контрола.
„Нема потреба спортските сали да ги претвориме во болници. Ние имаме уште неколку приватни и државни болници кои можеме да ги пренамениме во ковид-центри. Ние имаме уште една приватна болница која може да биде искористена во ковид-центар. Имаме целосна контрола, верувам на нашите доктори“, смета Ангелов.
Можеби ќе ве интересира
ДОСИЕ: Разрешена судијката која ги казни Фатиме Фетаи и Катица Јанева додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт

Мицкоски: Полицијата казнува на Водици, а не вистинските криминалци на улиците

Здравев: Двајца судии ќе одговараат за 1.500-те заостанати платни налози

Макпетрол Инфо Поинт: Безбедносниот појас за 60 проценти ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода

ДИРЕКТНА И НЕПОВРАТНА ПОМОШ ЗА ТРАНСПОРТОТ, ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО - 15 конкретни барања од ССК

Институциите се изживуват со мене цели 10 месеци: Штипјанката Донева обвинува откако синот незаконски и е одземен од таткото
ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ПОВТОРНО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПОЛИТИКАТА – тој вели, останувам настрана

Адеми: Никогаш нема да прифатам попис со Албанците под 20 отсто
