Ангелов: За нас решението е приоритет 26 години, но треба да бидеме претпазливи
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2018
Шефот на македонската канцеларија за врски во Атина, Дарко Ангелов во кусото интервју за грчката новинска агенција АНА - МПА , изјави дека сега постои контекст што го прави барем малку поверојатно и поодржливо изнаоѓањето решение за прашањето на името во споредба со претходно.
Тој смета дека постои позитивна динамика и во двете општества
„По дефиниција сме оптимисти. За нас решението е приоритет веќе 26 години. Очигледно е дека нашата евроатлантска перспектива е заглавена во прашањето за името и во приговорите за уставното име. По дефиниција, треба да бидеме оптимисти за процесот да оди напред. Тоа е она што го правиме во изминатите месеци, се обидуваме да го туркаме процесот, за да најдеме решение. Имаме интензивен дијалог со грчката Влада"- вели тој.
Ангелов додава дека треба да бидеме претпазливи. Ако стануваше збор за едноставен случај ќе се решеше до сега, но за жал проблемот не е решен, наведува Ангелов.