27 Септември, 2023
0.0237

Ангеловска-Бежоска: Граѓанските заштеди пораснале за 130 милиони евра од почетокот на годината

Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Растат штедните влогови на граѓаните. Од почетокот на годината тие се повисоки за 130 милиони евра. Се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити. Довербата во домашната валута се задржа, за што се доказ и операциите на централната банка на девизниот пазар, односно од јули наваму се откупуваат девизи, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

„Кога започна војната во Украина, депозитите се намалија на месечна основа на 1,8 отсто, меѓутоа потоа без прекини се остварува раст на депозитите на населението. Според последните бројки годишниот раст е некаде околу 5,3 проценти, а вкупно од почетокот на годината депозитите пораснаа за 130 милиони евра“, истакнува гувернерката.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочува дека се забележува и раст на каматните стапки кај денарските депозити. За ова придонесуваат мерките коишто ги презема Народната банка со нормализирање на монетарната политика, но и мерките за поттикнување на денаризацијата.

„Повидливи се промените кај каматните стапки на депозитите, и тоа кај депозитите во денари, затоа што дел од нашите мерки беа насочени токму кон поттикнување на штедењето, особено денарското“, вели гувернерката. 

Гувернерката посочува дека и покрај кризата, довербата во денарот е задржана, а валутните склоности се стабилизирани. Со избувнувањето на војната во Украина, поради зголемената побарувачка на девизи, во голема мера како одраз на потребите на компаниите за девизна ликвидност за увоз на енергенти, интервенциите на Народната банка се однесуваа на продажба на девизи. Сепак, од јули наваму, централната банка постојано откупува девизи, со што во голема мера се намали притисокот којшто се почувствува на почетокот на годината. Девизните резерви и натаму се на соодветното ниво и се значително повисоки во споредба со почетокот на пандемијата, нагласува гувернерката.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ОТКРИВА: Што да се очекува од спојувањето на Комерцијална и Стопанска Битола - ЌЕ БИДЕ ЕДНА НАВИСТИНА ГОЛЕМА БАНКА

ФАКТОР ОТКРИВА: Што да се очекува од спојувањето на Комерцијална и Стопанска Битола - ЌЕ БИДЕ ЕДНА НАВИСТИНА ГОЛЕМА БАНКА

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ГОЛЕМО БАНКАРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ - Комерцијална банка ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ГОЛЕМО БАНКАРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ - Комерцијална банка ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

„ГАСПРОМ“ ГО ОТФРЛИ ДОЛАРОТ: Трансакциите ги вршат со јуани и рубљи

„ГАСПРОМ“ ГО ОТФРЛИ ДОЛАРОТ: Трансакциите ги вршат со јуани и рубљи

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ НА ЧАС: „Срамно мал износ“

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ НА ЧАС: „Срамно мал износ“

ШТО ГИ СТОПИ ГРАЃАНСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ВО АВГУСТ - има ли врска граѓанската обврзница, а еве што објасни монетарната власт

ШТО ГИ СТОПИ ГРАЃАНСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ВО АВГУСТ - има ли врска граѓанската обврзница, а еве што објасни монетарната власт

„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

Доларот зајакна десетта недела по ред: „Не се случило 10 години“

Доларот зајакна десетта недела по ред: „Не се случило 10 години“

ГЕРМАНИЈА СТАНА „БОЛНИОТ ПАЦИЕНТ“ НА ЕВРОПА: Падна најмоќната институција, Берлин во виорот на мизерија и очај

ГЕРМАНИЈА СТАНА „БОЛНИОТ ПАЦИЕНТ“ НА ЕВРОПА: Падна најмоќната институција, Берлин во виорот на мизерија и очај