28 Март, 2024
0.0257

Ангеловска го претстави предлог-буџетот: Инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во фокус на Предлог-буџетот за 2020 година ќе бидат инвестициите во човечки капитал, односно во подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст реалниот сектор. Годинава инвестираме речиси 56% од вкупните буџетски расходи во областите врз кои се потпира човечкиот капитал, односно здравството, образованието и социјалата.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на предлог-буџетот за 2020 година пред бизнис заедницата, невладиниот сектор, синдикатот и експертската јавност, која се одржа денеска во Министерството за финансии.

Таа посочи дека ваквите настани се добра пракса, бидејќи може да се слушнат видувањата и мислењата од експертите, синдикатите, бизнис секторот и невладиниот сектор.

„Причината поради која поддршката на човечкиот капитал е во фокус, односно вложување во граѓаните и создавање на подобри услови за живот, е предизвикот со кој сме соочени како земја: да го задржиме и надградиме нашиот човечки капитал. Доколку не вложуваме континуирано во  човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот раст. Свесни сме дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот. Добар Буџет, е оној Буџет кој ги адресира приоритетите - а приоритет за раст и напредок на земјата е човечкиот капитал“ - рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3%, односно на пониско ниво од годинава за која е проектиран дефицит од  2,5%, и 2018 година кога е проектиран дефицит од 2,7%. 

„Ова е важен показател на силната определба за фискална консолидација, пропратена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за поддршка на домашната економија и граѓаните и инфраструктурни проекти“ - посочи Ангеловска.

Министерката за финансии рече дека проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8% од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и инвестициите - јавни и приватни.

Растот на нето платата во 2020 година е проектиран на 6,3%, што се темели на ефектите од зголемувањето на минималната плата, која ќе порасне за 2,000 денари од декември годинава, но и растот на платите во приватниот сектор, поддржани преку мерката за субвенционирање на приватните компании кои ќе ја покачат платата на вработените.

Стапката на невработеност вториот квартал во 2019 година изнесува 17,5%, додека во 2020 година се очекува да се намали на 16,1%. Стапката на вработеност се очекува да се придвижи нагоре до 48,2% во 2020 година.

Предлог буџетот од Министерството за финансии ќе се разгледува утре на владина седница. По усвојувањето на Предлогот од страна на Владата, истиот ќе биде доставен до Собранието.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?