03 Август, 2020
0.0257

Ангеловска: Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку „Купи куќа, купи стан“

Објавено во: Економија 07 Декември, 2019

Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Со новите модели, проектот ги таргетира и младите и повозрасните граѓани, и оние кои се во брак и оние кои не се. Сите граѓани кои сакаат да аплицираат за проектот можат на едно место да се информираат и од Министерството за финансии и од банките и од градежните компани на саемот „Купи куќа,купи стан“ кој се одржува до недела во Скопје Сити Мол, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска посетувајќи ги изложувачите на саемот.

-Секој заслужува да има сопствен дом, а преку проектот „Купи куќа, купи стан“ и субвенционирање на станбениот кредит, државата дава поддршка тогаш кога е најпотребно - на почетокот.„Купи куќа, купи стан“ од годинава има значително подобри услови, кои сакавме да им ги претставиме на граѓаните.Најважно, намалена е каматната стапка на проектот на 2,9% за првите три години и на 3,9% за четвртата и петтата година. Ова се меѓу најповолните услови во моментот на пазарот. Само по овој основ граѓаните заштедуваат 1.300 евра на камати. Концептот е разработен со повеќе модели за купување на стан или куќа, за млади, но и за повозрасни граѓани, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.- рече Ангеловска.

Од Македонската банкарска асоцијација, од каде 8 банки-членки се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“ истакнаа дека ги поздравуваат новите услови за проектот и новите каматни стапки, кои заедно со субвенциите од државата го прават проектот атрактивен.

-На пример, кај новиот модел „Купи стан за млади“ за клиенти со возраст до 35 години со новите каматни стапки и субвенција од 70% од ратата за првите 5 години што ја дава државата за станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, бенефитот за клиентот на кракј на периодот на отплатата е како да земал станбен кредит со 0,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години. Во оваа ера кога милениумците копнеат по самостојност и независност ова е извонредна можност за исполнување на нивната желба – рече Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација.

Од Градежната комора при сојузот на Стопански комори нагласија дека го поддржуваат проектот уште од самиот почеток и дека овој проект е поддршка за градежништвото. 

- Од почеток на проектот Комората го поддржува и учествува во работењето на проектот. На барање на Градежната комора кое беше адресирано до Министерството за финансии со цел да продолжи повластаената стапка за ДДВ за нови станови наидовме на разбирање од страна на Министерството за финансии и Владата и продолжен е до 31 декември до 2023. Тоа е една од поволностите која ги интересира граѓаните – рече Ивица Јакимовски претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува повеќе нови модели кои имаат поволни услови за младите до 35 години, но и за граѓаните со возраст над 35 години. Преку моделот „Купи стан за млади“ за граѓани до 35 години, државата субвенционира 70% од месечната рата од кредитот во рок од 5 години или 70% од учеството, а субвенцијата која може да се добие преку овој модел е и до 12.000 евра. За младите има и модел „Купи куќа за млади“ каде се субвенционира 100% од учеството за кредит или 11 години се субвенционира ратата и тоа 60% првите три години, 50% следните пет години и 40% следните три години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 20.830 евра, која е и најголемата субвенција која се нуди преку овој проект.

За граѓаните над 35 години има модели како „Купи куќа за над 35 години“ каде државата субвенционира 80% за учеството за куќа, или 80% од ратата во првите 5 години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 13.600 евра.Има модели и со кои се поддржува надградба или доградба на куќа. Концептот е разработен, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.

Уште една новина е дека за секое новородено или посвоено дете во првите десет години од користење на кредитот се предвидува дополнителна едногодишна субвенција од 30% од ратата. Оваа мерка е во насока на поттикнување на наталитетот во земјава.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски обвини дека парите кои се задолжуваат, се потрошени за изборите

Мицкоски обвини дека парите кои се задолжуваат, се потрошени за изборите

ВЛОЖУВАЈТЕ ВО ЗЛАТО: Цената допрва ќе расте

ВЛОЖУВАЈТЕ ВО ЗЛАТО: Цената допрва ќе расте

Светската економија колабира, но две големи економии ќе бидат во плус

Светската економија колабира, но две големи економии ќе бидат во плус

Поради коронавирусот „експлодираше“ цената на биткоинот

Поради коронавирусот „експлодираше“ цената на биткоинот

Лукаревска: Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата ги исплатиле платите

Лукаревска: Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата ги исплатиле платите

Се плашат од инфлација и купуваат злато

Се плашат од инфлација и купуваат злато

ПОРАСНАЛ ДРЖАВНИОТ ДОЛГ: Koлкав е во однос на БДП?

ПОРАСНАЛ ДРЖАВНИОТ ДОЛГ: Koлкав е во однос на БДП?

Граѓаните потпишуваат онлајн петиција за укинување на покачувањето на струјата

Граѓаните потпишуваат онлајн петиција за укинување на покачувањето на струјата

Граѓаните ги продаваат туристичките ваучери?

Граѓаните ги продаваат туристичките ваучери?