20 Април, 2024
0.0259

Анѓушев: 625 милиони евра се реални инвестиции во Северна Македонија

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Инвестициите од 624,49 милиони евра во 2018 година се реални и тоа го покажуваат бројките на Народна банка, чија методологија е иста во изминативе 10 години. Тие бројки покажуваат дека инвестициите од минатата година се 276% повеќе од просекот на претходните 8 години и скоро дупло повеќе од најдобрата година во изминатите 10, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев, вечерва во дебатната емисија „Топ-тема“ на ТВ Телма.

- Тие што тврдат дека овие средства се реинвестирани, читаат половично. Во извештајот на Народна банка има категорија „Сопственички капитал и реинвестирани средства“. За 2018 година, такви се 495 од овие 624 милиони. Сопственички капитал се средствата што компаниите ги донеле од странство во Македонија за да градат тука фабрики. Такви се и овие над 80 милиони евра за кои денеска видовме дека се донесени во ФЕНИ. Ако споредиме со претходните години, лани такви средства биле 181 милион од 218, во 2016 година 293 од 338 милиони, во 2015-та 100 од 216 милиони – објасни Анѓушев.

Тој додаде дека дури и реинвестираните средства се добри, зашто значат доверба кај инвеститорите.

- Ние како Влада сме посветени сите инвеститори, не само странски туку и домашни, да ги охрабриме да инвестираат. Веќе и во делот на домашните инвеститори бројките се добри – рече тој.

Според вицепремиерот за економски прашања, членството во НАТО има заслуги за порастот на инвестициите, но дека тоа не е доволно само по себе.

- НАТО има големо влијание. Основни услови за развојот на која било економија се владеење на правото, стабилна држава и постоење на одредена бизнис-клима. Со влезот во НАТО, мислам дека многу се направи за стабилноста на државата. Но НАТО само по себе нема да донесе многу, ако ние не знаеме тоа да го капитализираме со добри програми, добра политика кон инвеститорите и со атрактивни мерки, бидејќи целиот свет ви е конкуренција и вие мора да се борите со целиот свет – рече Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга