19 Април, 2024
0.0344

Анѓушев: АД ЕЛЕМ ќе биде партнер во проектот „Чебрен“

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска го потпиша договорот со потпретседателката на Meѓународната финансиска корпорација (IFC) Георгина Бакер, со кој треба да се изработи обновена бесплатна студија за проектот „Чебрен“ во кој АД ЕЛЕМ ќе биде дел од јавно-приватното партнерство.

- Проектопт Чебрен е стар колку и јас. Проектот го има правено (IFC) и тендерската документација. Тоа ќе го искористime, но ќе го надградиме со неколку променети работи. Променет е енергетскиот пазар и сега е либерализиран. Чебрен ќе биде електрана што ќе дава балансна енергија и ќе биде атрактивна за инвеститорите. Ќе биде направена на основа на јавно-приватно партнерство. АД ЕЛЕМ ќе биде јавниот партнер бидејќи сега е многу помоќна компанија, а државата е сега многу постабилна и поатрактивна за странски инвеститори - рече Анѓупев.

Според вицепремиерот, долготрајни зделки во енергетиката инвеститорите прават само во стабилни подрачја, а ние сме такво особено што сме на прагот да бидеме официјална членка на НАТО. 

- На крајот на октомври ќе се апдејтира студијата на IFC со најнови податоци од технички аспект и ќе се обнови тендерската постапка која ќе биде распишана до крајот на годинава. Очекуваме постапката да биде завршена во првата половина на 2020 и да почнеме во текот на истата година. После многу неуспешни тендери од објективни и субјективни тендери, се надевам дека овој проект ќе биде успешен со почеток на изградба во 2020. Првата енергија во електричниот систем се очекува да протече во 2025 или 2026 година.  додаде Анѓушев.

Бакер наведе дека IFC е задоволна од иницијативата на Владата која веднаш била прифатена за обновување на соработката.

- Нашата цел е да и помогнеме на Северна Македонија да го заврза одржливиот раст и затоа му се заблагодарувам на вицепремиерот за можноста за соработка - истакна Бакер.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите