25 Април, 2024
0.0290

Анѓушев целосно ја продаде компанијата за електрична енергија

Објавено во: Економија 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Сопствениците на ЕДС, компанијата за трговија со електрична енергија и на ППЦ (Public Power Corporation), грчката национална компанија за производство на струја, денеска го потпишаа договорот за продажба на 100% од акциите на ЕДС и подружниците во Југоисточна Европа, во вкупна вредност од 4,8 милиони евра.

Со ова ЕДС од денеска се спојува со регионален лидер во производство и продажба на електрична енергија. Ова значително ќе ја зголеми конкурентноста на ЕДС и ќе обезбеди поголема стабилност што значи и подобри услови за клиентите.

„Покрај следењето за нашето законодавство и процедурите, во текот на преговорите за продажбата приоритет ни беа и условите за унапредување на стабилноста и плановите за понатамошен развој на компанијата. ЕДС досега постигна многу на локалниот и регионалниот пазар, како членка на меѓународната берза за набавка на струја ја има најдобрата балансна група, одлично развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и големо искуство во набавката на струја на слободниот пазар. Со овој договор позади ЕДС имаме гигант во производство на струја што се очекува дека ќе ја направи ЕДС поконкурентна на пазарот. Тоа значи дека клиентите ќе имаат добри услови и пред се уште поголема сигурност“, изјави Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.

Главниот извршен директор на ППЦ, Емануел М. Панајотакис изјави: „Со купувањето на ЕДС, исклучителна компанија која за неколку години, под инспиративното раководство на г-дин Анѓушев и со својот високо професионален тим, се разви и стана значајна компанија за трговија со електрична енергија, ППЦ влегува на пазарот за електрична енергија на нашата соседна земја  на најдобар можен начин. Со поддршката од ППЦ и нејзината експертиза, ЕДС ќе напредува и зајакнува и понатаму, што ќе биде во најдобар интерес и на клиентите. ЕДС во сопственост на ППЦ ќе стане уште помоќна компанија, со оглед на портфолиото што го имаме и развојните планови дефинирани за време на купувањето.“

По денешното потпишување на договорот за купување на акциите, неопходно е да се завршат одредени формалности и процедури, што ќе доведе до финален трансфер на компанијата.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката, со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра. Основната дејност на ППЦ е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7,3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85 проценти. ППЦ е исто така сопственик на дистрибутивната мрежа на Грција којашто стопроцентно ја води филијала „ХЕДНО", како и ППЦ Обновливи извори - една од пионерските компании во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори. Покрај тоа, ППЦ има подружници во Бугарија, Турција и Албанија. ППЦ неодамна потпиша стратешки договор со американската компанија Џенерал Електрик за соработка во поддршката на термоенергетските единици во Европа и Северна Африка.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ