14 Јуни, 2021
0.0229

Анѓушев демантира дека е поврзан со увоз или користење на токсични масла

Објавено во: Економија 18 Мај, 2021

Генералниот директор на „Брако“ Велес и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, категорично демантира дека на каков било начин е одговорен или поврзан со увоз или користење на токсични масла. Од компанијата „Брако“ како тенденциозни и невистинити ги отфрлаат наводите за увоз на еколошки штетно мало изнесени во емисијата „Редакција – Заговор против воздухот“ на ИРЛ што се  емитуваше на првиот канал на Националниот радиодифузен сервис.

„Категорично демантира дека на каков било начин е одговорен или поврзан со увоз или користење на токсични масла“, велат од компанијата „Брако“, чиј што правен тим најавува тужба кон Здружението на граѓани Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Скопје, под уредништво на Сашка Цветковска.


Ниту Кочо Анѓушев ниту „Брако“ Велес се поврзани со увоз на некакви токсични масла или мазут ниту, пак, „Брако“ Велес е голем потрошувач на мазут во Македонија. Вистината е дека „Брако“ Велес никогаш не увезол мазут, а минималните количини што ги троши за работа на погонот за цинкарата се набавуваат на пазарот во Македонија од увозници кои се занимаваат со таа дејност. Како илустрација на тоа дека „Брако“ учествува во потрошувачката на мазут во државата со промили, треба да се знае податокот дека „Брако“ Велес годишно троши околу 100 тони мазут, а вкупната годишна потрошувачка на мазут во РС Македонија, како што е наведено и во емисијата, е околу 30.000 тони. Впрочем и од вкупните годишни набавки на мазут кои се одвиваат преку секторот за набавки на Брако, само 15 отсто од потребите се од добавувачот наведен во емисијата Евротим. А според Правилникот за течни горива, надлежен за контрола на составот и квалитетот на увезениот мазут во РС Македонија е Пазарниот инспекторат, што значи дека, штом предметниот мазут бил дозволен и пуштен во промет од надлежни органи, „Брако“ нема сопствена лабораторија за да го проверува квалитетот.
Впрочем со завршувањето на новата инвестиција во погонот за поцинкување во „Брако“, од следниот месец ќе биде комплетно изфрлен мазутот како енергенс.


Новинарката Сашка Цветковска ова сето можеше да го дознае и да го изнесе во емисијата доколку имаше желба. Контактот со неа беше веднаш воспоставен по телефонскиот повик кој беше емитуван во емисијата, но и по 3 месеци од поканата да дојде во просториите на Брако и да се информира или да сними изјава од официјален претставник, таа не најде за потребно да сними или да испрати прашање, но напротив си даде за право да прави крајно непрофесионални и тенденцизни шпекулации, и со тоа да ѝ нанесува штета на една од поуспешните македонски компании.


Што се однесува до наводната конспиративна средба во Владата на РСМ, Кочо Анѓушев изјавува дека навистина е остварена средба со г. Изудин Ахметовиќ, но и според официјалните документи достапни во архивата на Владата, на таа средба г. Ахметовиќ доаѓа као претставник на коморското здружение „Бизнис центар“ Тешањ – Јелавиќ од БиХ. На средбата е дискутирано исклучиво за поканата кон македонската влада за учество на саем и бизнис-форум и во ниту еден момент на таа средба не е спомнат мазут или која било друга тема. Во времето додека беше потпретседател на Владата за економски прашања, г. Кочо Анѓушев има остварено преку 4.000 официјални средби.

Можеби ќе ве интересира

Се појави загриженост бидејќи во светот циркулираат од 4.000 до 5.000 крипто валути

Се појави загриженост бидејќи во светот циркулираат од 4.000 до 5.000 крипто валути

Хотелиерите реагираат: Бројот на ваучери за туризам е премал

Хотелиерите реагираат: Бројот на ваучери за туризам е премал

„СОЛЕНИ“ ГОРИВА: Бензините нагоре за половина, дизелот за дури еден денар

„СОЛЕНИ“ ГОРИВА: Бензините нагоре за половина, дизелот за дури еден денар

ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА ПО ПРВИ ОКТОМВРИ - повисоки дневници од 50 до 100 отсто

ЗА ОНИЕ ШТО ЌЕ РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА ПО ПРВИ ОКТОМВРИ - повисоки дневници од 50 до 100 отсто

Нови одлуки на Комисијата: Се укинува полицискиот час, се враќаат ноќните забави, неограничен број на гости на свадбите

Нови одлуки на Комисијата: Се укинува полицискиот час, се враќаат ноќните забави, неограничен број на гости на свадбите

Забрана за работа само за три компании, за останатите молк од институциите

Забрана за работа само за три компании, за останатите молк од институциите

СИТЕ 13 СЛОБОДНИ ЗОНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКОРИСТЕНИ САМО 29 ОТСТО - државата нема да отвора нови, прво да се „наполнат“ постојните

СИТЕ 13 СЛОБОДНИ ЗОНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ИСКОРИСТЕНИ САМО 29 ОТСТО - државата нема да отвора нови, прво да се „наполнат“ постојните

Јагода ја доби неработната недела, Мила ја засилува активноста, Венко доби пауза, бизнисот се преструктуира

Јагода ја доби неработната недела, Мила ја засилува активноста, Венко доби пауза, бизнисот се преструктуира

ГОРИВА: Ќе има ли скок на цените по полноќ?

ГОРИВА: Ќе има ли скок на цените по полноќ?