Анѓушев: Државните административци во моите фирми би земале поголема плата
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање одговори дека со најавената владина реформа би вработел државни административци во неговите компании и тие таму би добивале поголема плата.
Анѓушев вели дека кај него тие би добивале многу подобри услови - двојно поголема плата, обука и преквалификација.
„Зема 16, 17 или 18 илјади бидејќи толку се платите и доколку сака да се преквалификува тој во приватна фирма ќе добие плата од 25 до 30 илјади денари и се разбира тоа ќе го направам“ изјави Анѓушев, пренесува Алфа ТВ.
Анѓушев најави дека со овој проект приватните компании ќе добијат работници кои на почетокот ќе ги исплаќа државата барем во првите шест месеци. Планот е државата да ги покрива нивните примања додека трае периодот на дообучување и прилагодување.
„Преквалификацијата да не биде на трошок на таа компанија туку на трошок на Владата. Владата и сега ја плаќа платата на тој административен работник а во иднина и тој ќе биде посреќен а и компаниите ќе добијат вработувања“ додава тој.