25 Април, 2024
0.0276

Анѓушев: ХЕЦ Чебрен ќе го реализираме успешно

Објавено во: Економија 10 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев уверува дека моделот по кој што ќе се реализра ХЕЦ Чебрен ќе биде успешен. Тврди дека со ИФЦ се прават измени  со кои тендерот ќе ги заштити домашните интереси, а ќе биде привлечен за инвеститорите. Во интервју за МТВ тој појаснува зошто овој тендер ќе биде успешен, за разлика од сите обиди  претходно коо завршија неуспешно.

„ Тендерската документација ќе биде готова до крајот на октомври. Ќе биде поатрактивна за инвеститорите.  Мора да земеме предвид дека сега се изменети условите во нашата држава: прво, државата извесно станува членка на НАТО; извесен е датумот за преговори со ЕУ, тоа е голема работа. И знаете, кога инвестирате во енергетика тоа не е трговска зделка, тоа не е тендер за 6 месеци, такви тендери сите сакаат. Но инвестирањето во енергетика значи дека тоа е проект што треба да даде резултати во следните 30 години, а да стопанисувате со него во следните 60-70 години. Тоа никој не го прави во нестабилна држава, тоа никој не го прави во држава без иднина, зашто тоа е голема инвестиција. Со овие промени ние создадовме услови и имаме големи и сериозни европски енергетски компании кои се заинтересирани. Од досегашните состаноци можам да кажам дека има интерес. Затоа сметам дека тендерот за Чебрен, прв на оваа Влада, без разлика на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен. Тендерската документација е нова, концептот ќе биде малку променет, како и тендерските услови кои треба да бидат пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме и пазарот електрична енергија се промени; многу е полиберален, системските услуги станаа поважни, а Чебрен треба токму такви услуги да дава; берзите станаа многу поактивни. И тоа се причините зошто ние сега Чебрен го ориентираме кон пазарот, кон системските услуги и во комбинација со стабилноста на државата, сметам дека ќе имаме успех на оваа тема. „ изјави Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ