28 Март, 2024
0.0255

Анѓушев: Лимак ќе го спаси градежништвото

Објавено во: Економија 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

По шестгдишно стагнирање и чекање да ги добие потребните административни документи турската компанија Лимак Холдинг денеска најави дека почнува со градба на мултифункционален деловно – резиденцијален комплекс „Дајмонд Скопје“ кој ќе има за цел да го спои симболот на градот – Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје. Во рамки на преоктот е и изградбата на подземна сообраќајница.

Лимак холдинг овој проект во Скопје го најави уште во 2012 година.

– Доцнењето на реализацијата на проектот во Скопје е поради тоа што не можевме да ги добиеме потребните дозволи, но сега тоа е надминато и почнуваме со реализацијата – рече на денешната свеченост Сердар Бадексис, еден од директорите на Холдингот.

Дека Холдингот веќе ги има добиено потребните дозволи за градба потврди и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Проектот го затекнав во идејна фаза и со интензивирање на работните на градската администрацијата успеавме за неколку месеци да ги подготвивме и издадеме сите документи за проектот кој треба да го ревитализира и реконструира овој дел од градот – рече Шилегов.

За премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на официјалниот старт на проектот, мултифункционалниот комплекс ќе го промени градот на подобро, но и ќе ја подобри трговската размена со Турција.

– Тунелот кој ќе се гради ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот – рече Заев.

Реализацијата на проектот, за вицепремиерот Кочо Анѓушев, пак, ќе значи раздвижување на градежништвото кое од минатата година е во минус.

Проектот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.

Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.

Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри, а целат инвестиција се проценува на 250 милиони евра. Вкупниот број на вработени по изградбата на објектите ќе изнесува 1.500 луѓе. Градежните работи на проектот треба да завршат за 22 месеца.

Лимак Холдинг е основан во 1976 година и е специјализиран за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам. Оперира во 15 земји со вкупно 70.000 вработени.


Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра