29 Март, 2024
0.0311

Анѓушев: Не е проблем бројот на невработеноста, туку структурата

Објавено во: Економија 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека активностите  треба да се насочат кон отворање работни места кои ќе бидат подобро платени и поатрактивни за младите да останат во државата и да се обезбедат услови за преквалификација на невработените  кои немаат соодветна едукација. Ова на денешна дебата го изрази владиниот функционер, сметајќи дека проблемот со бројот на невработени не е толку голем во Македонија колку што е структурата на навработеноста.

- Иако во државава има рекордна ниска невработеност од 19,4 проценти од осамостојувањето досега,  укажа вицепремиерот, проблем е структурата на 105.000 невработени граѓани затоа што 42 процента се постари од 50 години, 50 проценти се без или со основно обарзование, а 26,5 проценти  со средно образование, но не  од бараните техничките училишта. Анкетата на 3.140 компании покажала дека  1.883 од нив во наредните шест до 12 месеци  ќе имааат потреба од 18.643 работни места и ако се претпостави дека уште толку вработувања се потребни кај неанкетираните моментната потреба на работни места е над 35.000 до 40.000. Најбараните занимања се машински инженер, градежен инженер, електротехничар, шивач, пекар, готвач, слаткар, вели Анѓушев..

Според Анѓушев, веќе не е проблем отворањето работни места, туку како да се пополнат, а невработените да се оспособат и преквалификуваат за најбараните и најдефицирани работни позиции.

– Првиот таргет е како 105.000 невработени лица од кои третина може да се вработат за една година, да се преквалификуваат, односно како тие со основно образование да ги направиме  тоа што може – готвач,  пекар, заварувач, бравар столар, и како на техничките универзитети да го зголемиме потренцијалот за да го задоволиме барањето за машински, градежен инжинер, програмер. Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти  е здраво за едно опшеттсво а не е  и за нив самите дека треба да одат на универзитет, не е сета среќча во тоа, подобро  е да имае знаење и струка и со неа добро да живеете  и заработувате оид вашата 18 или 19 година отколку да завршите универзитет кој нема да биде почитуван и од кој на крај  ќе добиете диплома со која не ќе знаете што да правите ако е несодветна на реачната состојба во државата, рече Анѓушев.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!