Анѓушев: Никој не може да негира дека се градат 19 фабрики во ТИРЗ зоните
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2019
Оценките на вицепремиерот Кочо Анѓуѓев за две години Влада се дека владините мерки го придвижиле економскиот раст.
Пораснале странските директни иневстиции, а за пет пати споредбено со последните седум години пораснале и ректните средства донесени во државата за правење фабрики и купување машини.
-Никој не може да негира дека се градат 19 фабрики во ТИРЗ-овите, а надвор од нив уште шест – седум фабрики, невработеноста падна под психолошките 20 проценти, дека се вработени 26.600 граѓани, а и дека за над седум проценти се зголеми нето платата-посочи вицепремиерот.
Сепак, посочува и дека во секторот каде што имаше најслаби резултати работата може да биде подобрена, односно да се подобри реализацијата на капиталните инвестиции.
Бизнисмените пак делумно се задоволни, но бараат поголема реализација на стратешките инфраструктурни проекти и повеќе пари кон рамномерен регионален развој за да се спречи иселувањето на младите во странство.