Анѓушев утре на средби со чешки инвеститори
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2019
Кочо Анѓушев, видепремиерот за економски прашања, учествува на Саемот за индустрија во Брно каде што за утре најави средби со чешки компании - потенцијални инвеститори во Македонија.
Како пример за тоа Анѓушев го наведе „Локо Транс“, кој веќе наведе дека ќе произведува шини во Гази Баба. Се очекува оваа инвестицијата да биде околу 20 милиони евра и во новата фабрика да се вработат 250 лица. Според најавите, во фабриката ќе бидат преземени вработените од велешка „Колска", а веќе има и голема нарачка од позната железничка компанија.
- Овие два дена имаме плодни состаноци во Брно на Саемот за индустрија, најголем во централана Европа. Видовме дека има голем простор за соработка. Најважно е чешки компании да вложат во индустриските зони, но и надвор од неа и да купуваат наши производи, реле Анѓушев.