20 Април, 2024
0.0270

Анѓушев: Владата ќе ги поддржи компаниите со поврат од 20% за исплатена нето плата во висина над 18.000 денари

Објавено во: Економија 10 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Интерес за индустриска зона во Куманово, мерки за поддршка на нови инвестиции и поддршка на нови вработувања во компаниите. Ова денеска на трибината во Куманово посветена на Планот за економски раст го истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој пред 70  компании од Куманово и кумановската околина најави Предлог закон за финансиска поддршка на инвестициите и среднорочна програма за поддршка на малите и средните претпријатија, со кои практично се операционализираат мерките и стопанствениците веќе од оваа година ќе бидат во можност да повратат дел од вложените средства во развојот.

Презентирајќи го Планот за економски раст Анѓушев рече дека за поттикнување на нови подобро платени работни места, Владата ќе ги поддржи компаниите со поврат од 20% за исплатена нето плата во висина над 18.000 денари, за ново вработените лица.

Тој исто така рече дека инвеститорите ќе бидат во можност да направат поврат во висина од 10% од направените инвестиции во основни средства за работа, или 20% доколку инвестициите се направени за подобрување на конкурентноста на пазарите а  оваа година ќе се издвојат средства во буџетот со кој ќе се започне практична реализација на нова индустриска зона во Куманово.

Анѓушев  посочи дека за направени инвестиции во технолошки развој, микро, малите и средни компании може да добијат поврат во висина до 30% од направената инвестиција, а доколку инвестицијата е направена со цел да се развие нов иновативен производ, компаниите може да очекуваат помош во висина до 70% од направените вложувања.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?