25 Април, 2024
0.0283

Анѓушев: Владата ќе им враќа пари на фирмите кои вработувале

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Владата ќе им ги врати средствата на фирмите кои вработувале нови работници и кои имале нови вложувања во текот на минатата година, соопшти вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Оваа мерка е дел од ветувањата за поддршка на македонската економија. Веќе е направен и калкулатор за инвестиции со кој секоја компанија пред да аплицира за државна поддршка, но и пред воопшто да инвестира, ќе може да пресмета колку средства приближно ќе добие назад. Се аплицира со доставување на завршни сметки и извод од Централниот регистар.

-Инвеститорите ова ќе го препознаат, независно дали се од слободните економски зони, гринфилд или во некои од постојните капацитети, тие ќе можат прохрабро да вложуваат, истакна вицепремиерот. Прв пат во историјата има траснпарентен начин на поддршка на економијата, рече вицепремиерот.

Поднесувањето барања од страна на компаниите ќе може да се врши електронски преку пополнување соодветен формулар објавен на неколку интернет страници: на Владата, на Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, Министерството за економија, ТИРЗ, конкурентност.мк,…

„Го заокружуваме процесот што го најавивме уште од формирањето на Владата, на максимален транспарентен начин преку јавни дебати со сите релевантни чинители. Пред една недела ги објавивме правилниците согласно кои компаниите ќе може да аплицираат за поврат на средствата, напомена министерот за економија Крешник Бектеши.

Апликациите на компаниите ќе се евалуираат до 31 јули, а во август и септември ќе се потпишуваат договорите и ќе се реализира исплатата. Компаниите кои инвестираат во 2018, ќе аплицираат продолжено во текот на годината, и за нив нема рокови, а ќе се исплаќаат со буџетот од 2019 година. Програмата ќе трае пет години. 


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди