24 Април, 2024
0.0247

Анѓушев: Во 2019 секоја градежна машина ќе биде активирана

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за 2019 година најави нова градежна офанзива и рече дека во 2019 години нема да има неангажирана градежна машина и нема да има доволен број градежни машини да ги сработат сите проекти што ќе бидат отворени.

Во емисијата „24 анализа“ Анѓушев, ги образложи таргетите на градежната експанзија за 2019 година. Меѓу нив се автопатот Кичево – Охрид, кој ќе почне интензивно да се реализира, а во моментот се отворени проекти за експресни патишта во Република Македонија како никогаш досега. Се гради експресниот пат Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Куманово – Крива Паланка, Градско – Прилеп. Според планот и според зборовите на вицепремиерот кога сите овие градби и плус дополнително локалните патишта и уште 86те рехабилитации на постојните патишта, ќе се земат предвид, нема да постои неангажирана градежна машина. А кон тоа се приклучува и втората делница помеѓу Бељаковце – Крива Паланка, која што моментов е тендерирана, и која е проектирана на 147 милиони евра а колку ќе кошта ќе се знае откако ќе биде избран изведувач.

„Ако ние сакаме градежништвото да го вратиме на ниво за бројките да покажуваат како во периодот на Скопје 2014, но во физибилни проекти, ние во Републиката Македонија треба да имаме градежна реализација од 56 милиони евра месечно во инфраструктура, патишта, фабрики, приватна градба итн. Само овие проекти ќе дадат реализација над 55 милиони евра месечно, а на тоа ќе се  додаде и приватната градба. Тоа мене ми дава верба и аргументи дека следната 2019 година градежништвото ќе биде многу подобро“, истакна вицепремиерот.

Тој исто така потенцира дека клучно во градежната експанзија на земјата е градежните проекти да бидат физибилни, а не фиктивни, „Ако избираме меѓу тоа дали нешто по секоја цена треба да се прави, па тоа и да е прескапо платено, или да се прави нешто што е добро структурирано и домаќински изведено, јас секогаш ќе се определам за второто“, заклучи Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!