23 Април, 2024
0.0307

Анѓушев во Топ тема: Конечно имаме економија базирана на реални проекти

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во Топ тема на ТВ Телма, вицепремиерот Анѓушев ја објасни состојбата на македонската економија и влијанието на градежните проекти врз креирањето на капиталните инвестиции, и како политиката ситуација се одразува врз економската инвестициска клима во државата.

„Растот на БДП во вториот квартал од 2018 година е направен во услови кога градежништвото е се уште -17%. Претходно БДП беше креиран од државата, од буџетот, од градежните проекти коишто го влечеле. Сега иако градежните проекти беа во застој и имавме влечење надоле, сепак имаме 3,1 раст. Тој раст го направила реалната економија, во најголем дел индустријата заедно со енергетиката и рударството, земјоделието, трговијата и потрошувачката. Оптимисти сме заради тоа што само со поместување на градежништвото над 0, и тоа со реални и физибилни проекти, a не фиктивни како порано. Градежништвото може да расте и со нефизибилни, виртуелни проекти како споменици, фасади тие прават ефект на краткорочен период, влијаат на растот на БДП но само моментално, на краток период а на долг рок прават проблеми, затоа што се задолжувате“, појасни вицепремиерот.

Според Анѓушев, за да се врати градежништвото на нормала потребно е градежните активности во државата на месечно ниво да бидат 56 милиони, но тоа не ги прави капиталните инвестиции во буџетот.

„Градежните активности генерираат два сектори, едниот е високоградба станбени и деловни простори, а другиот е инфраструктурните проекти на државата. Тука треба државата да помогне, во големите инфраструктурни проекти, а тие не се во капиталните инвестиции. Тие се во Државни патишта, во инфраструктура за железница, во гасоводот, далекуводите, електроенергетските капацитети. Бидејќи ги оживеавме мртвите проекти и тоа со заштеда со до 80 милиона евра наспроти првичните цени и само за автопатот Кичево – Охрид, сосема сме сигурни дека во следниот период градежните активности ќе се зголемат. Дополнително ќе имаме експресни патишта низ цела Македонија кои се градат во моментот и тоа уште повеќе ќе го подигне градежништвото“, прецизира Анѓушев.

Во однос проекциите за македонската економија што дојдоа од ММФ и Светска банка, вицепремиерот даде објаснување зошто се намалени и како политичката состојба влијаени врз создавањето на нивните проекции.

„Политичката неизвесност во голема мера може да влијае врз економијата. Тоа конкретно може да се види преку тоа што во исчекување дали ќе има избори или не, чека анексот за автопатот Кичево – Охрид, а од тој анекс зависи дали ќе продолжи да се работи на истиот. Или пак во моментов има десетина инвеститори кои чекаат каква ќе биде политичката разврска. И ММФ во своите проекции ја има земено предвид токму политичката неизвесност и политичката ситуација има голема улога во нивната проекција. Тоа е причината зошто ММФ и Светска Банка имаат различни проекции.“

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите