25 Април, 2024
0.0277

Анѓушев за Фактор: Покрај малите хидроцентрали, инвестираме во биогас и фотоволтаици

Објавено во: Економија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Извршниот директор и претседател на Управниот одбор на Групацијата „Фероинвест“, „Брако“ и „Грин Машинс“, професор д-р Кочо Анѓушев вели дека со реален оптимизам и верување, очекува да се смири и стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот

„Тоа, од перспектива на Групацијата „Фероинвест“,„Брако“ и „Грин Машинс“, би значело очекување за стабилизирање на светските пазари и економии со што би можеле да ги зацврстиме нашите позиции на пазарите каде што сме веќе етаблирани како и обид да се пласираме на нови пазари.

Тоа значи да бидеме поприсутни со еколошки се поатрактивните „Грин Машинс“ на светските пазари и досегашниот извоз во 42 држави да доживее уште поголема експанзија со што ќе продолжиме да бидеме меѓу најголемите извозници во државава.

Нашата Групација континуирано инвестира во обновливи извори за производство на електрична енергија и покрај 25-те МХЕ кои се пуштени се инвестира во биогас и фотоволтаици.

Очекувам, годинешната бројка од 140 нови вработувања повторно да ја достигнеме и надминеме како и инвестицијата од 8,5 милиони евра. Наредната година, со активната застапеност на водечките саеми во Западна Европа имаме за цел да се пробиеме и на силно конкурентскиот западноевропски пазар што имплицира исполнување на строги критериуми за квалитет.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди