19 Април, 2024
0.0267

Анкета на Детектор: Скоро половина од граѓаните не очекуваат датум за старт на преговорите идната недела

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Безмалку половина од македонските граѓани не очекуваат Македонија да добие датум за старт на преговорите идната недела. Според анкетата која за потребите на Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје, 47,7% од анкетираните граѓани не очекуваат датум за преговори овој октомври. Оптимисти се 34,8% кои сметаат дека идната недела, Брисел ќе и даде зелено светло на земјава, додека 17,5% немаат одговор.

Една четвртина од граѓаните или 24,6% велат дека ако не добиеме датум за старт на преговорите овој октомври тогаш тоа нема да се случи никогаш. 22,3% старт на преговорите очекуваат во 5 следните години, 16,9% мислат дека тоа ќе се случи до крајот на идната година додека 16,7% велат дека датумот за преговори ќе дојде следната пролет. 


Власта односно најголемата владејачката партија според граѓаните ја носи целата одговорност за овој процес. 34,7% сметаат дека за евентуален неуспех во Брисел виновна ќе биде Владата, додека 19,7% одговорноста ја лоцираат кај опозицијата. 8,2% при евентуален неуспех виновник гледаат во одредени земји членки, додека околу 5% се изјасниле дека вината ја гледаат на друго место.

СДСМ е партијата која според 30,9% од анкетираните граѓани направила најмногу за приближувањето на Македонија кон Европската Унија. Речиси идентичен процент или 30,6% сметаат дека заслуги за македонските евроинтеграции нема ниту една политичка партија. 10,1% сметаат дека за ЕУ најмногу направила опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 6,4% и даваат кредити на ДУИ и 3% на Алијансата за Албанците.
Според мнозинство од граѓаните, критиките кои на македонска адреса доаѓаат од Брисел се оправдани. Вака сметаат 41,4% од анкетираните, додека во спротивното се убедени 26,7% додека 31,9% немаат одговор. 

46,8% од анкетираните сметаат дека аферата рекет ќе има влијание врз одлуката за добивање на датум за старт на преговорите. 32,4% не очекуваат последици додека 20,8% останале без одговор.

Доколку утре се организира референдум,високи 67,4% ќе гласаат за влез на Македонија во Европската Унија. 17,3% се против додека без одговор се 15,2 анкетирани.
Во споредба со истражувањето кое Детектор го спроведе во февруари оваа година, може да се забележи благо намалување на поддршката за членство во Европската Унија иако треба да се напомене дека намалената поддршка не го зголеми бројот на граѓани кои велат дека на референудмот ќе гласаат против. Од 71,2% во февруари, поддршката паднала на 67,4% но се намалиле и противниците кои  од 17,9% во февруари сега паднале на 17,9%. За сметка на тоа пораснал бројот на граѓани кои велат дека се уште немаат одговор и тоа од 10,9% на 15,2% во период од нешто помалку од 7 месеци.
40% од анкетираните велат дека гледано од денешен аспект, Договорот за добросоедство со Бугарија и Договорот за името со Грција беа погрешен чекор. Тука некаде се и оние кои се убедени во спротивното.  38,4% сметаат дека тоа била правилна одлука додека 21,6% немаат одговор. 

Мнозинството граѓани или 27,2% сметаат дека Македонија ќе стане членка на Европската Унија во наредните 5 години. 22,7% велат дека тоа нема да се случи никогаш, 15,4% веруваат дека членството ќе дојде идната година, 12,6% во следните 10 години а 9% во наредните 15 години.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски, во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?