23 Април, 2024
0.0306

Анкета на Рејтинг - 32 на 27: Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Tри најважни проблеми со кои се соочуваат граѓаните се ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста. Со нив подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а подобар премиер би бил Зоран Заев. Ова го покажува најновото испитување на јавното мислење на Агенција Рејтинг.

Анкетата била спроведена на примерок од 1080 испитаници, од 18 до 29 Јануари со метод интервју лице в лице.

На прашањето „Кој е според Вас најважниот проблем со кој моментално се соочува Република Северна Македонија?“, граѓаните одговориле дека како три најважни проблеми се издвојуваат ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста. На четврто место следат високите трошоци за живот, а веднаш потоа иселувањето на луѓето.

Граѓаните потоа одговарале на прашањето: „Дали Влада предводена од СДСМ или Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може подобро да се справи со најголемиот проблем со кој се соочува земјата?“

На ова прашање 30 отсто од испитаниците одговориле дека со тој проблем подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а 26 проценти рекле дека тоа е Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето: „Кој потег, активност или мерка превземена од Владата на СДСМ во изминатите две и пол години го сметате за најпозитивен?“, предничат покачувањето на платите, минималната и просечната, а потоа напредокот во Евроатланските интеграции. На трето место е зголемувањето на социјалната помош.

Резултатите покажале дека, граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за 4% повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството. Во однос на другите мерени области нема значајни разлики во одговорите, односно ниту една од партиите нема значајна предност. Она што треба да се забележи е дека процентот на граѓани кои се изјасниле дека ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата е значително висок, односно дури 44 отсто од анкетираните се изјасниле вака.

Мнозинството граѓани, според ова испитување на јавното мислење, сметаат и дека Зоран Заев би бил подобар премиер од Христијан Мицкоски. На прашањето: „Дали според Вас подобар иден премиер на државата би бил Зоран Заев или Христијан Мицкоски„ 32 отсто од анкетираните рекле дека тоа би бил Заев, додека 27 проценти рекле дека тоа би бил Христијан Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето