26 Јануари, 2025
0.0269

АНКЕТА: Скоро 40 проценти од граѓаните го поддржуваат Договорот со Бугарија

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Скоро 40 проценти од граѓаните го поддржуваат Договорот за добрососедство со Бугарија, покажува најновото истражување на јавното мислење што го направи Институтот за политички истражувања по барање на емисијата „Детектор“.

Според резултатите од истражувањето, 39,6 проценти од анкетираните даваат поддршка за Договорот, а 31,2 проценти се „против“. За Договорот не слушнале 13,7 проценти, а 15,6 проценти немале одговор.

Во споредба со анкетата што беше спроведена во февруари годинава исто така за потребите на „Детектор“, се бележи намалување на оние кои подрржуваат и на оние кои се против за сметка на бројот на индиферентни граѓани кои или не слушнале за договорот или пак немаат одговор.

– Треба да се има предвид дека анкетата е спроведена на почетокот на месецов, односно уште пред Бугарија да го испорача својот последен сет услови во рамките на т.н. „Рамковна позиција“ што се очекува дополнително да влијае на резултатите, велат од „Детектор“.

Околу 42 проценти од анкетираните очекуваат Договорот да ги унапреди односите со Бугарија, а 28,5 проценти се убедени во спротивното, додека 29,7 проценти немаат одговор на ова прашање. Во споредба со анкетата од февруари, има значително намалување на бројот на граѓани кои очекуваат унапредување на односите меѓу двете земји по склучувањето на Договорот.

Граѓаните најмногу се противат на ревизијата на учебниците, односно 49 проценти од анкетираните сметаат дека овој компромис е неприфатлив, а за 24,6 отсто се изјасниле дека ревизијата на учебниците е прифатлива. 26,4 проценти од граѓаните немаат одговор на ова прашање.

За 46,7 проценти од граѓаните неприфатлив е и компромисот нашата држава да гарантира дека нема да се залага за правата на македонското малцинство во Бугарија, а 27 проценти од граѓаните овој компромис е прифатлив. 26,2 проценти немаат одговор.

Во однос на заедничката прослава на настани и личности, речиси и да нема промени во однос на февруарската анкета. И тогаш, и сега, за околу 41,5 проценти од граѓаните овој компромис е неприфатлив. а 32,5 проценти е прифатлив. Без одговор на ова прашање се 25,9 проценти од анкетираните.

Речиси една третина од граѓаните имаат донекаде позитивно мислење за соседна Бугарија. За ваков одговор се определиле 30,3 проценти од анкетираните. 22,3 проценти имаат позитивно мислење, 18,6 проценти донекаде негативно а 15,5 проценти негативно лично мислење за источниот сосед.

Три четвртини од граѓаните сметаат дека Гоце Делчев е Македонец, односно 75 проценти од анкетираните имаат ваков став, додека 4,6 проценти сметаат дека тој е етнички Бугарин. 4,9 проценти имаат мислење дека тој е и Македонец и Бугарин, а 15,5 проценти не одговориле на ова прашање.

Над 60 проценти не би се согласиле Гоце Делчев да се слави како национален херој и на Македонија и на Бугарија, а 23,7 проценти немаат ништо против заедничко славење. Поголем процент од анкетираните односно 58 отсто не се согласуваат Делчев да се слави како херој на двете земји дури и по цена на тоа земјава да добие поддршка од Бугарија во процесот на ЕУ интеграција.

Од вкупно анкетираните, 39 проценти сметаат дека без договор на македонско – бугарската комисија за историски и образовни прашања, Бугарија нема да го поддржи процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ, додека 30 проценти очекуваат поддршка.

Мнозинството граѓани сметаат дека Договорот со Бугарија треба да остане. Ваков став имаат 38,3 проценти од анкетираните, додека 32,8 проценти сметаат дека Договорот треба да се поништи.

Анкетата е спроведена во периодот од 4 до 7 октомври врз репрезентативен примерок од 1.106 испитаници, со маргина на грешка од плус – минус 3 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

„ОСУДЕН ЗА БИЛО КАКОВ КРИМИНАЛ“: Најчевска со листа кои луѓе не смеат да бидат на чело на држава

„ОСУДЕН ЗА БИЛО КАКОВ КРИМИНАЛ“: Најчевска со листа кои луѓе не смеат да бидат на чело на држава

СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

СЛЕДЕЛ ТИНЕЈЏЕРКА НИЗ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПА ДО ВЛЕЗ ВО ЗГРАДА КАДЕ ЈА НАПАДНАЛ - доби забрана да и се приближува

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

„НИ ХОРОР ФИЛМ НЕ МОЖЕ ДА СНИМИМЕ“: Ина Многу фина за густата магла која го прекри Скопје

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И МАГЛА - еве какво време не очекува на почетокот на работната недела

Данела Арсовска: Претепани инспектори на Град Скопје, МВР да ја уапси бандата што ги труе скопјани

Данела Арсовска: Претепани инспектори на Град Скопје, МВР да ја уапси бандата што ги труе скопјани