Антикорупциска: Ѓорѓе Иванов и троши на државата 4.500 евра месечно
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2019
По 4.500 евра месечно и тоа без платите ја чини државата, канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој тој ја има во скопската повеќекатница комплекс „Џевахир сити“, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа тврди дека постапката за избор на овој простор била нетранспарентна и дека Иванов си знајмил стан кај блиско лице. Затоа Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател и да му додели канцеларии во државна сопственост.
Првата антикорупционерка вели дека за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени еден 1.090.580 евра. Тоа за мала и сиромашна земја, вели дека не е својсттвено и потенцира оти нема нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко.