25 Април, 2024
0.0407

Антикорупциска му одговори потврдно на Заев: Започнуваме со проверка на судиите

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Антикорупциска комисија го прифати вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев и потврдно му одговори дека ќе започне со проверка на имотната состојба на судиите, поротниците и обвинителите, како и нивните семејства, откако ќе го изготви потребниот план. Од Државната комисија за спречување на корупцијата тврдат дека ваквта одлука е донесена откако премиерот ветил дека извршната власт ќе им ги стави на располагање своите капацитети и ресурси.

„Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

Законските надлежности на Државната комисија во делот на  следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.

Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на  избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.

Испитувањето на имотната состојба,  е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување  потребно е зајакнување на постојните човечки и  материјално – технички услови и  вклучување на други истражни органи.

Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна  координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на ДКСК.

Претседателката на Комисијата за спречување на комисија, Билјана Ивановска, по повикот од премиерот Зоран Заев до Антикорупциска да започне со чешлањето на имотната состојба и интересите на судството вчера му порача на шефот на Владата дека тоа не може да се случи без однапред утврден план.

- Оваа година решивме да вршиме проверка на имотната состојба на ченовите на Владата, директорите на јавните претпријатија и членовите на парламентот. Доколку решиме да вршиме проверка во судството, ќе треба да се направи план и да се распределат секторите и активностите, но и опсегот на судии, бидејќи нивната бројка не е мала. Се работи за 600 судии, но тука се и поротници и обвинители, рече Ивановска во телефонска изјава за ТВ24.

Заев претходно во видео-обраќање побара од Антикорупциска како што се врши проверка на имотот и парите на сите членови на Владата во моментов, таа исто такада започне постапка на проверка на имотот и парите на судиите и обвинителите веднаш. 

- Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш, рече Заев и додаде дека извршната власт на Антикорупциска и нуди помош со сите свои капацитети само да се провери детално имотната состојба на судиите и обвинителите, како и нивните семејства.



Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи