29 Септември, 2024
0.0265

АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НОВОГОДИШНАТА ПРОСЛАВА СО ДИНО МЕРЛИН ВО 2020: Чинела околу 240.000 евра, а 154.000 евра се платени од Градот

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Прекршен е Законот за јавни набавки при организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година, на која настапи пејачот Дино Мерлин и други групи, констатира Државната комисија за спречување на корупцијата. Велат дека постои основано сомневање дека Младинскиот културен центар постапил спротивно на Законот за јавни набавки и не спровел постапка за јавна набавка, туку распишал јавен оглас за организирање на новогодишната прослава.

Новогодишната прослава на скопскиот плоштад чинела околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се платени од градскиот буџет. ДКСК за ова ќе достави иницијатива за кривично гонење пред ОЈО за гонење организиран криминал, како и иницијатива за отворање постапка за одговорност на одговорното лице до институцијата која го именува, односно Градот Скопје.

Членот на ДКСК Горан Трепеновски, на продолжението на 58-та седница, посочи дека ова произлегло од проверката на тендерите на институциите за јавна набавка на техничка поддршка, по сопствена иницијатива на ДКСК.

– Со ваквата постапка МКЦ постапил спротивно на член 6 од договорот што го склучил меѓу МКЦ и Град Скопје за регулирање на правата и обврските по основ на учество за исплатата на активностите поврзани за дочекот на Новата година, за кои бил должен да спроведе постапка за јавна набавка, појасни Трпеновски.

Иако, посочи Трпеновски, МКЦ во своето образложение се повикува на исклучоците од Законот за јавни набавки, сепак исклучокот не се однесува за набавка на техничка опрема и за ова требало да се спроведе постапка за јавна набавка.

–  Хонорарот од околу 84 илјади евра за настап на пејачот Дино Мерлин е обезбеден од приватни спонзори, а не од буџетот на Градот Скопје и тој не влегува во сумата платена за организација на прославата, изјави Трепеновски.

Според Трпеновски, ДКСК постапувајќи по анонимна пријава, за тоа дека една иста фирма во последните десет години добила 41 тендер од државни институции за техничка поддршка на Младински културен центар, Национална опера и балет, Макфест, Универзална сала, Македонска филхармонија, Охридско лето и други институции, од целокупната документација сепак не констатирала конкретни злоупотреби во постапките за јавни набавки.

– Имајќи предвид за недореченостите во јавните набавки во ситуацијата и анализата за овие десет години како ДКСК ќе препорачаме до сите државни институции да купат ваква опрема со што јавните установи ќе го зголемат својот капацитет и способност за организирање на овие настани, а со што на долг рок би заштедиле и средства, отколку да наплаќаат за изнајмување на опрема, изјави Трпеновски.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство