25 Април, 2024
0.0353

Антикорупциска: Се уште чекаме реакција за трите најважни случаи

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Државната комисија за слпречување на корупција на денешната прес-конференција по повод извештајот на Европската комисија рече дека се уште чека реакција од Обвинителството за, како пто велат од таму, клучните предмети кои ги има отворено за тендерот на Државната изборна комисија од 2019, Случајот со купувањето на земјиштето кај „Холидеј Ин“ и договорот со „Бехтел и Енка“.

- Само 30 отсто од нашите препораки беа претходно прифатени, а сега правиме повторно оценка на прифатеноста, и до крајот на годината ќе известиме. Но клучни препораки и мислења не беа прифатени, а некои состојби од нив беа одлучувачк, изјави првата антикорупционерка Билјана Ивановска.

Сомнежите на антикорупционерите од 2019 се дека намерно не се организирале отворени повици за набавка на избирачки материјал, туку постојано, од неоправдани причини, се одело на непосредно договарање со печатниците при што членови на Државната изборна комисија се стекнале со стотици илјади евра 

Обвинителството доисега отвори само предистражна постапка за предметот на Антикорупциска за случајот „Холидеј Ин“ каде се опфатени поранешни градоначалници, вработени во општината и Министерството за транспорт и врски, планери. Постои сомнеж дека ја злоупотребиле службената положба и овозможиле носење на детален план кој не е усогласен со генералниот. 

ДКСК ја повика Владата да се откаже од ангажирање на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридорот 8 и Прилеп - Битола преку „специјален закон“. Преку директна спогодба овој конзорциум би се прогласил за стратешки инвеститор, а изградбата на автопатите за национален интерес. Тоа ја отвора вратата за евентуално коруптивен договор, а ДКСК ваквиот закон го оспори пред Уставен суд.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг