Антикорупциска со барање до Уставен да се укинат претседателските привилегии
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) до Уставниот суд поднела иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за правата на претседателот и на неговото семејство по престанување на функцијата, односно истиот да се разгледа поради бројните привилегии кои му следуваат на шефот на државата кога ќе му заврши функцијата, објави Дојче Веле.
Антикорупциска веќе реагирапе негативно на информацијата дека поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов по престанокот на функцијата закупи работен простор за 1.950 евра месечно. Се испостави дека само за кирии и режиски трошоци за поранешните претседатели на државата, во изминатите 10 години од државниот буџет биле потрошени 1,1 милион евра.
Претседателот на државата има право на пензија колку што изнесува и неговата плата, канцелариски простор и ангажирање најмногу до три стручни лица, право на лично обезбедување, право на користење на службено возило и возач. Освен личните, привилегии има и неговото семејство ако во текот на мандатот претседателот почине.