Антикорупциска со прекршочни пријави против Иванов и Бектеши
Објавено во: Македонија 24 Април, 2019
Комсииајта за спречување на корупцијата на денешната седница по сопствена иницијатива едногласно одлучи да поднесе две прекршочни пријави против претседателот во заминување Ѓорге Иванов, како и една против министерот за економија Крешник Бектеши.
Првата прекрошна пријава против Иванов е што незаконски во предизборен период го унапредил старешината Васил Ѓурчиновски во мајор и без одобрение од Министерството за одбрана. Втората е за именување на бригадниот генерал Орце Јордев во заменик командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) и полковникот Бесник Емини во началник на Штаб во ЗОК кога изборите за тоа веќе биле распишани.
Пријавата против Бектеши е за вработувањето на неговата сестра Влора Бектеши во АД МЕПСО. За 23 работни места се пријавиле 896 лица, а потоа без јасен критериум биле групирани по пет најдобри кандидати за секоја позиција, што е недозволиво и никаде пропишано со закон, покрај тоа што немало бодување. Тоа овозможило Влора Бектеши полесно да ја добие работата.
Иако министерот тврдеше дека не живеат заедно со сестра му, според Антикорупциска, во пријавата на неговата сестра на конкурсот, стои истата адреса на која што живее Бектеши како нејзина адреса на живеење.