АНТИВИРУСНИОТ ЛЕК МОЛНУПИРАВИР ПОКАЖУВА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: Најнови истражувања на компанијата Мерк
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2021
Фармацевтската
компанија Мерк соопшти дека ажурираните податоци од студијата за нејзината
експериментална антивирусна таблета против Ковид-19 покажале дека лекот е
значително помалку ефикасен во намалувањето на хоспитализирањата и смртните
случаи отколку што претходно беше објавено.
Производителот на лекови рече дека нејзината пилула покажала намалување на хоспитализирањата и смртните случаи за 30%, врз основа на податоците од 1.433 пациенти. Во октомври, податоците на компанијата покажаа приближно 50% ефикасност, врз основа на податоците од 775 пациенти.
Според наводите на Reuters пониската ефикасност на лекот Мерк може да има големи импликации во однос на тоа дали земјите ќе продолжат да ги купуваат таблетите. Привремените податоци од 1.200 учесници во испитувањето на Фајзер, пак, за нејзината експериментална пилула, Паксловид, покажаа намалување на хоспитализирањата и смртните случаи за 89%.
Таблетите како Молнупиравир и Паксловид би можеле да ветуваат нови оружја во борбата против пандемијата, бидејќи тие може да се земаат во раната фаза на болеста во домашни третмани за да помогнат во спречување на хоспитализирања и смртни случаи од КОВИД-19. Тие исто така би можеле да станат важни алатки во земји и области со ограничен пристап до вакцини или ниски стапки на опфатеност со имунизација.