07 Август, 2022
0.0198

Апасиев: Aко имате две деца и работите за минималец, ќе треба да се позајмите 4.000 денари за да го поминете месецот

Објавено во: Економија 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев укажува на тоа дека трошоците за живот пораснаа, и луѓето со ниски плати, за да го поминат месецот, треба да позајмат пари. 

Вели дека трошоците скокнале за 100 евра. Тој објасни како денес се живее со минимални плати. Лидерот на Левица рече дека власта е неспособна. 

„Тоа значи дека ако имате две деца и со жена ти работите за минималец, ќе треба да се позајмите 4.000 денари за да го поминете месецот. Ете толку се „успешни” политиките на економистот Таче и бугарофилската СДС“, пишува Апасиев на Фејсбук. 


Во земјава поскапеа струјата, нова коригирана цена има и парното, поскапеа лебот, млечните производи и ред други продукти кои секојдневно ги употребуваме. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека Владата ги остави граѓаните сами на себе и бараат повисоки плати. Објаснија дека работниците и покрај тоа што работат од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто, синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498 денари. 

Можеби ќе ве интересира

Бројните пожари и високите температури не се доволна причина, нашиот јужен сосед се враќа на јагленот

Бројните пожари и високите температури не се доволна причина, нашиот јужен сосед се враќа на јагленот

ОТВОРЕН БАЛКАН ВОДИ КОН ПОГОЛЕМА РАЗМЕНА НА РАБОТНИЦИ, нема веќе визи за граѓаните

ОТВОРЕН БАЛКАН ВОДИ КОН ПОГОЛЕМА РАЗМЕНА НА РАБОТНИЦИ, нема веќе визи за граѓаните

Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики

Срби во последните неколку месеци купиле 15.000 недвижнини на Халкидики

Украина од 1 септември започнува со приватизација

Украина од 1 септември започнува со приватизација

ММФ до владите: Не ја субвенционирајте скапата струја, нека ја плаќаат цела потрошувачите

ММФ до владите: Не ја субвенционирајте скапата струја, нека ја плаќаат цела потрошувачите

Четврт бурек за скоро време би можел да достигне 100 денари

Четврт бурек за скоро време би можел да достигне 100 денари

„Бетон“ вели дека наишол на опструкции од Народна банка и Државни патишта во последното бележење на загуба

„Бетон“ вели дека наишол на опструкции од Народна банка и Државни патишта во последното бележење на загуба

ЕВН: Голем интерес кај домаќинствата за продажба на електрична енергија

ЕВН: Голем интерес кај домаќинствата за продажба на електрична енергија

Житото од Украина се доставува низ целиот свет

Житото од Украина се доставува низ целиот свет